Saturday, March 17, 2012

Зошто се брише?????

Прекината серијата на паѓање за едно.Но посуштественото прашање е дали треба да се брише пар на ливче.БокиТип токму со таа грешка зема помалку 2600 денари.Незнам како се собира добивката бидејќе имаше 2 типа на еден натпревар,а истиот тој фатен во двете комбинации...да скратам.Тоа е натпреварот Аусбург-Мајнц.Го ставив 1 и ГГ и останатите веќе фатени на ливчево.Плус 2.8 коефициент+1.80 за ГГ на ова ливче со уплата од 200,најмалку 2600 повеќе.Јаааа зкккккк јана сана шифша ноне...ај од грешките демек се учело.
Тоа беше брзо составување на ливче со утринското кафе и паузата до тоалет што се отиде,да речеме одзема 20 минути.Да признаам се бараше помрсна добивка,но ете никој не ми е крив,а веќе ми беше во раце.Чудна некоја ѓаволштина ми дојде чекајќи во редот пред шанкот.....и..... дечко уплатија без горната (првата) утакмица,само фиксовите.И што...во газот.
Бегајте мисли од главава.....
Величенствениот без размислување ниту од 3 секунди беше вториот натпревар.Всушност они се подготвуваа техничко-тактички за натпреварот со Олимпик,којшто за БокиТип мора да признае беше посакуваниот противник за следното коло.Што се немаше среќа да помине Интер и да се падневме со нив,чисто заради некоја онака спортска одмазда за финалето против Муци.Но што е тука е денешната жртва беше Херта,пустите на нивни грб беше подготовката.Ме интересира која екипа и дали воопшто има таква на Европскиве простори која на 3 нтпревари по ред дава 20 гола.Пукна шеската во Берлин.
Третиот тип дојде од Екипа интернет сајт за спорт.Вели Лориент-Брест 1.И така испадна.Им се заблагодарувам.
Барселона остана со двата дадени гола од прво полувреме,ме завлече тука и ГГ да ставам,но си реков да не се претерува и го оставив фиксот.И фиксот беше убав 1.45.
Милан со рутинска победа кај млекарите,неверувам дека ќе дозволи да го напушти првото место до крај на Италијанското првенство.Исто ферски коефициент 1.75.

Херта-Баерн 0-6
Лориент-Брест 2-1 87 минута за водство,но излезе.
Севиља-Барса 0-2
Перма-Милан 0-2

200=1421 денари

1 comment:

  1. Браво за БокиТип, нема место за жалење, толку требало да се земе. Ова е онаа игра која јас ја форсирам, четири пара, 7-8 коефициент. Гледаш дека дава резултати. Може да се закачи, а ако не, барем си блиску. Самодовербата јакне, нека има на Васизор добитни ливчиња. Јас вчера Барса ГГ, а денеска Генк непромислено се најде на ливче.

    ReplyDelete