Tuesday, October 28, 2008

Почнува НБА


Епа, после скоро петмесечна пауза почнуваат возбудувањата во НБА лигата, или со други зборови, уште една опција повеќе на вашите ливчиња. Вечер НБА стартува со натпреварите: Бостон - Кливленд, Чикаго - Милвоки и Лејкерс - Портланд. Фаворитите за оваа сезона не се разликуваат од минатата сезона. Од источната конференција тука се актуелните шампиони, "троглавото чудовиште" - Бостон, потоа Кливленд кои го ангажираа Мо Вилијамс сметајќи дека малку ќе му ја олесни работата на Леброн. Детроит со новиот тренер Мајкл Кари, Филаделфија може да изненади со оглед на тоа што го зедоа Елтон Бренд, а не се знае ништо и со Њу Џерси, кои или ќе играат добро или тотално ќе потфрлат. Од истокот, се смета дека забележителна улога ќе играат Орландо, Мајами и Торонто.
Кај вообичаено посилниот запад, големи очекувања има од Лејкерс, кои се уште посилни од минатата година. Коби, Гасол, Одом, Бајнум и Фил на тренерска позиција - опасно ќе биде. Невообичаено, за еден од поголемите фаворити оваа година се смета градскиот ривал на Лејкерс, Клиперси. Со Бајрон Дејвис и Маркус Кемби, Ерик Гордон - пик на драфтот кој се смета за голем талент, Клиперс може да оди далеку оваа сезона. Ако ви текнува од лани, Њу Орлеанс со Крис Пол и Стојаковиќ повторно ќе имаат доста победи. Феникс е тука, потоа Хјустон кои го ангажираа Рон Артест и заедно со Јао и Мекгрејди ќе формираат добро трио. Тука се и Далас, Сан Антонио, како и Портланд.
Се на се, препорачувам пропуштање на почетокот на сезоната на вашите ливчиња, но не и неследење на натпреварите.
Табелата од предсезоната можете да ја видите тука

Sunday, October 26, 2008

Олеснете се!

Иако блогов првенствено е замислен како место каде што ќе бидат постирани анализи и предлози на спортските натпревари, јас прво ќе си се олеснам. А бидејќи знам дека и моите другарчиња, со кои заедно го делиме блогов, имаат потреба од одредена поддршка и сочувство во тешките моменти на обложувачкото живеење ги повикувам и нив да се олеснат или многу поубаво, да се пофалат со своите светли обложувачки моменти. Еве на пример: Викендов уплатив две ливчиња. На едното, маме му на оној Мурињо и на неговиот дефанзивен фудбал, нек се ебе у гс. Многу ми е ќеиф што не го земавме и Барса, иако признавам, на почетокот мислев дека е грешка што не се одлучија да го земат. А Барса со Пеп... Секоја утакмица четири или пет е до триеста минута. Значи, на едното само Интер. Второто, набрзина склепано, фатив тениси(најдобри се за типување во недела кога се финалињата), Сити со Стоук и Арсенал 2+, ама без многу размислување ја ставив и Севиља. Тоа ти е. А знам дека другарчето фати 860 денари иако не е сигурен дека тоа е сумата. Честитки и благодарност до девојка му за блогов:-))))))))))

Thursday, October 23, 2008

Vasizor - Vistinskiot prizor. VASIZOR - The real way of thinking

Wellcome to our blog, the place where you can see our comments and our thinking on sport.


Добредојдовте на нашиот блог, местото каде можете да ги видите нашите коментари и размислувања за спортот.