Friday, April 27, 2012

И по Пеп - Тито!

Во една пригода спомнав дека логичен наследник на Пеп е Тито. "Уморен сум", ќе рече Пеп на последната прес конференција.
Gracies! За 13-те титули, за утврдување на брендот, за бескрајните моменти на брилијантност и чистата фудбалска мисла, незабележана досега.
Емоциите не се криеја. Пеп со Зубизарета и претседателот Сандро Росел.

Зошто Барселона е mes que un club (повеќе од клуб). Барса е начин на мислење, надвор од контекстот на фудбалот кој вообичаено се гледа. Нивната игра е впрочем и како архитектурата во Барселона, единствена, невидена. Овој тим е и ќе остане парадигма и метафора на фудбалот за кој сонував како дете, независно од понатамошните резултати. Гвардиола беше дел и производ на тој епски потфат и како играч и како тренер. Барса во својата младинска школа одгои прави велемајстори и играта ја доведе речиси до совршенство.

"Можев да продолжам, ама тоа не е она што Барса го заслужува". Секогаш знаел што и како да рече.

Иако се шпекулираше дека на негово место ќе дојде тренерот на Билбао, Марсело Биелса, Барса се одлучи за помошникот и десната рака на Гвардиола, Тито Виљанова.
"Тој е повеќе од способен. Ќе направи мал број измени, а играчите го знаат. Тито на нив и на клубот ќе им пружи тоа што јас мислам дека веќе неможам да им го дадам", рече Пеп на емотивната прес конференција, на која беше испратен со аплауз. Назначувањето на Виљанова е само продолжение на клупската политика на Каталонците. Не само играчкиот, туку и тренерскиот кадар да се бара внатре во својата школа. Тоа е за секоја почит, без разлика на резултатите. Како и да е, би сакал да верувам дека сме на прагот на нова ера. Дефинтивно играта на Барса нема да се промени. Ќе се тежнее кон перфекција и понатаму. Најдобро ќе биде играчите со трофеј да го испратат "Големиот". Последната утакмица ќе ја води во финалето на купот против Билбао. Би било идеално и емотивно испраќање.

Крај на една ера

Пеп не напушта. После четири години и освоени 13 трофеи, Гвардиола реши да си фати друг пат. Имам измешани чувства за неговата одлука. Очигледно е дека тој е многу интелегентен. Мислам дека чувствува дека е време за адиос. Не сака кај ниеден навивач да му се појави чувството дека тој треба да си оди. Подобро е вака. Да биде запаметена Ерата на Гвардиола. Ќе се создаде еден современ мит. А ќе се врати, убеден сум во тоа. Е тоа која ерупција и подигање ќе биде.

Најверојатно ќе го наследи Марсело Биелса од Билбао. "Лудакот", како што го викаат, е вистински фанатик по фудбал. Невообичаени методи и однос, но сепак успешен. Менторот на Пеп. Како што е ред во светскиот фудбал, кога некој успешен тренер си оди од кормилото по повеќе години, тогаш тој има главен збор околу тоа кој ќе го наследи. Така е и со Биелса, за кого Пеп има крајно високо мислење и по негова препорака најверојатно ќе дојде на Ноу Камп. Ќе недостига. Тешко е да се замисли Барса без него. Беше како едно со играчите. Со среќа по патот кој го одбра мајсторе и те чекаме пак!

Monday, April 23, 2012

Рон Артест алијас Светски Мир

Вчера недела. Навечер, традиционално добра утакмица НБА на Спорт клуб. Иако поминаа времињата кога заносно се пратеше НБА, вртејќи по спортските канали гледам дека даваат Лејкерс - Оклахома. Дерби. Си помислив дај да си гледам Шпанско Валенсија - Бетис, некако повеќе ме влечеше, ама едно гласче ми се јави во мене и рече: Артест, Рон Артест. Чекај, тој ќе направи некоја глупост. Иако одамна не направил инцидент, го смени името дури и во World Peace (така му пишува и на дресот), решив да останам на екран. Не поминаа ни две минути:




Monday, April 16, 2012

Фабрегас...


...се глупира против Леванте


се гледа дека многу се дружи со Пике

Wednesday, April 11, 2012

Луд јебе збуњеног, Реал дрнда Атлетико

Единствените кои не играат против градскиот ривал против оние кои првенството го почнуваат со +12 бода од својот и од градскиот ривал на Барса
1-4

За да направам добро дело, да не биде после лапаш пари не кажуваш, цела недела, нетипично за мене, трубев насекаде да се уплатат пари на Реал Мадрид. Најсмешни ми беа оние кои ми возвраќаа со коментар од типот: не беее, градско дерби е тоа, тешко ќе биде, штознам, незнам, пропратено со фаца која издава сомнеж во извесната двојка.

Штета за оние кои вистински се трудат за Атлетико. 13-та година навивачите чекаат победа против Реал. Што да прават, мораат да даваат бодови. Нешто сомнително на овој натпревар? Младото прле од голман кое прими два крајно наивни гола, како и стоперот кој го направи пеналот. Толку треба. 

Tuesday, April 10, 2012

Едно големо браво


Васизор отсекогаш ги поддржувал брилијатните и невообичаени потези од спортските терени. И ова е нешто исклучително.

Полуфинале ЛШ жени ракомет. Она што во почетокот на овој век беше Скопје со Кометалки, а градот и неосвоивата тврдина Кале гореа, тоа е сега Подгорица и Будуќност. Во реваншот декласиран европскиот првак Ларвик со 23-13. За шоуто да биде потполно, се потруди Бојана Поповиќ со невиден пенал:     

Идиотот...

Ташак


Шундо





Monday, April 9, 2012

Нервоза ги фаќа

 Каранка: 80 илјади виделе што се случува, само судијата не видел?!

Може ли еднаш, ама само еднаш, значи ЕДНАШ (1), one time, una volta, un tiempo, один раз, ein mal, значи ЕДЕН ПАТ, да не се жалите на судиите кога нема да победите.

Во каква катастрофа се претвори "кралскиот клуб". Апел до вистинските навивачи на Реал: избркајте го Мурињо и оние кои го поддржуваат. Оваа генерација на Барса нема да трае вечно. Некогаш пак ќе дојде времето и на Реал. Но она што останува и што трае е она што клубот претставува и за какви вредности се залага. Ова е на ниво на најдолен клуб од аматерска лига. Неверојатно, значи апсолутно неверојатно... 

Thursday, April 5, 2012

За хејтерите, непознавачите и површните љубители на фудбалот


Барселона, по рекорден 5-ти пат во серија се пласира во полуфиналето во Лигата на Шампиони. И овој пат благодарение на УЕФА, која му даде точни инструкции на судијата Бјорн Куперс, да го режира пласманот на популарната Уефалона во полуфиналето. Не победи Барса затоа што ги има тројцата најдобри играчи во светот, затоа што игра најубав фудбал, туку победи затоа што ги има судиите на своја страна, или поточно цела УЕФА, на чело со Платини. Милан никако не треба да бидат бесни и разочарани што отпаднаа, затоа што сепак за противник го добија „миленикот“ на УЕФА. Па зарем се надеваа да ги поминат?!

Иако Миланезите според сите параметри заслужија да одат понатаму. Ја надиграа Барса во секоја смисла, и на теренот и надвор од него, ги изработија комплетно. Нешто слично како првиот дуел во Милано, така и на реваншот синоќа, им одржаа лекција по фудбал и џентлменско однесување. Ја имаа контролата на целиот натпревар, ја имаа иницијативата, со преку 25 шутеви на гол (нешто помалку од првиот дуел), со преку 10 стопроцентни шанси, комплетно отворен и напаѓачки фудбал, каков и што најави Алегри на прес-конференциите, постојано напаѓаа, напаѓаа и... напаѓаа, но сепак имаа уште еден противник, најголемиот, УЕФА со своите претставници – судиите! Но и покрај тоа, тие не се жалеа, беа оштетени, недосудени 3 пенали во нивна корист, 2 црвени картони за играчите на Барса за кои судијата се правеше слеп, и за крај „победнички“ пенал за Барселона. Веројатно знаејќи ја судбината, тие се однесуваа како прави џентлмени, ниту приговараа, ниту се жалеа на судењето (освен некое вметнување во реченица на мајка му и жена му на судијата), ниту после натпреварот плачеа. Се помирија.
Ова е мислење на некои тешко заболени „стручњаци“, (заболени со вирусот кој се шири со таква брзина, што и Касперски и Нортон се откажуваат од негово „лечење“). А целта е многу јасна – да се создаде јавно мислење за горенаведениов заговор.
Почнувајќи од неколку медиуми, па преку „јебиветер“ фановите на Фејсбук до пошироката јавност, до македонските аматерски портали, се појавуваа текстови, односно – еден ист текст (кој веројатно сите го препишувале едни од други), со скоро исти наслови кој револтирано кажува како Барса повторно помогната од судиите се пласира во полуфинале, токму така како што горенаведените „вирусани стручњаци“ и нивните „екипи“ сакаат да верувате. Значи се слуша едно мислење, се чита еден текст, се гледа една слика, и тоа е се. Тие ве убедуваат во тоа, а на вашите мозочиња толку им треба тоа да го присвојат. И од тука почнува „серењето“, сите, обединети – илериии на серење. Ниту еден да го стави прстот на глава и да помисли малку, да ја анализира ситуацијата, да си ги повтори фудбалските правила, да погледне снимки и донесе СОПСТВЕН заклучок... Веројатно и турските серии си го прават своето. Секаде ги даваат, сите ги гледаат, па ќе ги гледам и јас... Сите викаат дека магарето лета, па и јас ќе викам така.
Сите успеси на Барса се благодарение на судиите. Среќа УЕФА има некои врски и во шпанскиот фудбал, па благодарение на судиите Барса заостанува само 6 бода зад лидерите во првенството. Доколку не беа тие протекции, разликата сигурно ќе беше околу 20 бодови, што би значело нов срам за нивните миленици. Па индиректно тоа влијае и на Шпанската репрезентација. Според тој „заговор“ и тиа станаа светски и европски прваци благодарение на судиите. Затоа што, нели, поголемиот дел од играчите на Фуријата се играчи на Барса, па затоа што судиите ги познаваат нив и се на нивниот платен список, им помагаат и во репрезентацијата. Меси три години по ред е најдобар играч во светот – НЕМОГУЧЕ! Сигурно и тука има некое влијание УЕФА, на чело со Платини, кој со другар му Блатер (мора да му е другар), им наметнале некое мислење, закана или сл. На капитените и селекторите да гласаат за Меси.

Прво беше Овребо против Челси, кој не им досуди на „плавите“ 4, 5 а според некои и 6 пенали. Сосема незаслужено Барса отиде понатаму. После беа Бенкеренца и Де Блекере против Интер, но овој пат И ПРОТИВ СУДИИТЕ, Интер успеа да ја елиминира Барса. Што ја покажува големината на Интер. Затоа се сега таму каде што се. Потоа беше Бусака против Арсенал, кога повторно и помогна на Барса, како толку немоќна да се пласира понатаму. Арсенал со толку многу шанси и шутеви на гол, со толку многу напади не успеа да го повтори „случајот Интер“, и да ги победи и судиите. Потоа доаѓа дуелот со Реал Мадрид, и како и секогаш кога ќе „згусти“, на сцена се појавува судијата, овој пат Штарк. Дани Алвес за микрометар избегна да седне во инвалидска количка, а судијата му покажа црвен картон на „кроткиот“ Пепе. За горенаведените „вирусани стручњаци“ правилото е следно – нема скршеница = нема црвен картон.

Правилото е јасно, но судијата не го испочитува, затоа што се работеше за Барса нели?! Потоа дојде финалето со Манчестер Јунајтед. И немојте да сте помислиле дека овде Барса победила регуларно, без помош од судиите. А тоа беше случајот кога Виктор Валдес на два пати убаво се испрди, но сепак технологијата не е отидена до таму за да може преку ТВ да се пренесува и мирисот, па затоа и веројатно сте незапознаени, но присутните на Вембли тоа убаво го осетија, но судијата се правеше затнат, па не му додели два жолти на Валдес, поради загадување на средината... Ахх, пак тие судии. Затоа копирајте го слободно ова, проширете го, и барајте титулата од 2011 да им се одземе на Барса и додели на Манчестер.


НО ШТО БЕШЕ „РИЦИНУСОТ“, ЗА ТОЛКУ ДА ВЕ ПРОДРСНЕ ?

Пеналот на Неста над Бускетс. Тука мозочињата стискаат пауза и праќаат информација до одредени органи - „време е за серење“. И не се гледа ништо пред и по тоа. Мадридскиот весник АС во јавност пушта една фотографија, се прави само копи-пејст и вирусот се шири.

Значи топката не е изведена, па така фаул нема. Значи кога играта е во прекин, кога топката не е во игра, играчите можат и да се колат, но казна ќе нема.

Еве слика од продолжение. Додека топката е во воздух, да го најдеме фаулот... Значи топката е изведена, а влечењето сеуште трае, Неста ни за жива глава не го пушта Бускетс. Значи не држи вода оправдувањето дека топката не била изведена кога бил прекршокот. Доколку Неста го пуштеше Бускетс кога Чави го изведе корнерот, тогаш ќе важеше тоа, но во случајов и кога Чави го изведе корнерот, Неста продолжи да го влече Бускетс, се додека не го собори на земја. Ако Боатенг направеше фаул над Фабрегас (таму пред голманот), тогаш немаше да биде досуден прекршок, затоа што тоа немаше да влијае на играта, но во овој случај, топката можеби оди кон Бускетс, судијата тоа не може да го предвиди и прекршокот МОЖЕ да влијае на играта и затоа се суди. Затоа што доколку не беше повлечен и јавнат од Неста, ќе можеше да скокне и да оди на таа топка. А правилото е многу јасно – влечење за дрес = прекршок... Пеп на прес изјави - "од дете ме учат дека влечење за дрес е фаул СЕКАДЕ НА ТЕРЕН". Но оваа слика не ја објави АС!

Еве ја изјавата на Неста (играчот кој го направи прекршокот): „Мислев дека судијата нема да свирне втор пенал. Во Европа судиите судат подруго одколку во Италија. Меси е играчот кој ја прави разликата.“. Значи тој знаел дека прави прекршок ни мислел дека поради реномето негово и на клубот и веќе еднаш досуден пенал за Барса, дека судијата нема да свирне уште еден пенал. Искусен е тој како стара мајка. Рацете во фудбалската игра се користат само за едно – за изведување на аут... Зошто го влечеше ?

После ова треба ли да се каже нешто?

Рио Фердинанд веднаш напиша на Твитер: „Судијата се држеше до правилата... Повлекување за дрес = прекршок. Меси = ладнокрвен.“

И стручниот фубалски аналитичар на Скај Спортс, Руд Гулит (и поранешна легенда на Милан) изјави дека пеналот беше ЧИСТ кога Неста во сумо стил го собори Бускетс!

И за потсетување, натпреварот заврши 3-1. Хипотетички, еве да речеме тој пенал да не бил свирнат, и ќе било 1-1 на полувреме. Тоа значи дека Иниеста немаше да го даде голот во второ полувреме? Дека Барса немаше да постигне уште еден гол за цели 45 мин. ? Но не, клучен момент беше пеналот на Неста... Секогаш мора да се оспорува успехот на Барса, да се бара алиби.

Еве што изјави и Пеп за тоа: "Пенал? 2 чисти пенали не ни беа досудени на првиот меч и никој ништо не се жалеше. Играчот (Бускетс) беше повлечен од страна на Неста, тоа е чист пенал."

Слика со пеналите од Милано...

Но сите го коментираат едниот меч. Нели ова беше двомеч, што е со првиот меч, зошто никој не го коментира? Што е со пеналите од првиот меч, или тие не беа решавачки. За многумина дури и не се пенали. Во првиот случај Алексис стигнува прв до топката а потоа Абиати го собира, по сите правила пенал, на за „вирусаните“ тоа не е. Во вториот случај иако очигледно е тегнењето за дрес, немало пенал затоа што Пујол не се фрлил и не паднал... Сигурно во правилата е пишано – Ако има тегнење за дрес, а играчот не се фрли да падне тогаш нема фаул, само ако падне тогаш е пенал...

Или тие пенали немаше да го решат двомечот? Ако тепаше Барса на Сан Сиро со 1-0 или 2-0, Милан ќе можеше да го надокнади тоа на Камп Ноу? Значи Барса била прва оштетена, за два пенала (нека бил и еден)... а тоа значи дека судиите од првиот меч им дале шанса на Милан, да можат нешто да направат на Камп Ноу, им дале надеж, можност за да поминат понатаму... Али ваму се најде вистиснки судија, што ги почитува правилата... Ама тогаш коментиравме ли ние као вас, плачевме ли? Се крена ли ваква прашина? Или тогаш никому ништо, а нешто малку да е контроверзно (од ваша страна) досудено во корист на Барса, тогаш - илерииииииии, сите на серење..Па во Шпанија барем пет чисти пенали не се досудени за Каталонците, а Пеп истото па истото. Мантра. "Не ги коментираме судиите. Штом не свирнале, значи не е пенал".

Закон. Крај.

Или кога игра Барса никако не смеат да се судат пенали, никако не смее да се исклучуваат играчи, слободно играјте со раце, влечете, тепајте ги, ништо нема да смее да се досуди, во спротивно се ќе биде контровезно. Правилата се јасни. Шутирање на топката после судиски свиреж за прекин на играта е казниво со жолт картон. Влечење за дрес = прекршок. Чукање раце за судиска одлука е казниво со црвен картон.

Никој не ја бара грешката во своите редови, никој не гледа Робињо што промаши волеј од 5 метри на првиот меч, што Ибра цело време беше само статист, што правеа наивни пенали... туку алибито мора да се бара кај судијата.

Срамота за фудбалот е тим кој со 3 удари кон голот за 180 минути да сака да игра во полуфинале на ЛШ... На крај сепак победи ФУДБАЛОТ.

Но да е во прашање некој друг тим, а не Барселона, оваа ситуација не би била спорна. Но затоа што во прашање и тим кој со години доминира и е најдобар, тоа ги иритира навивачите на другите тимови, и прават се за да го оспорат успехот на најдобриот тим во историјата на фудбалот. Најдобрите секогаш се и најомразени, а тоа се вика љубомора. Ваква медиумска хајка против некој клуб не е видена ниту запамтена. Но зад најдобрите се крева и најголема прашина!

Но за таквите, магариња секогаш ќе летаат!

П.С: Еден совет: Кога ќе завршите со серењето, не ќе биде лошо да пуштите вода... смрди! (-:

Wednesday, April 4, 2012

А сад...


...Адио Медрано!


БАРСА - МИЛАН 3-1

петто последователно полуфинале во ЛШ

Спремај се Муци

Sunday, April 1, 2012

Саботна добитна четворка

Шпанија
Osasuna - Real Madrid 2 @ 1.45 (1-5)
Бог да чува коефициентов
Barca - Bilbao 1 @ 1.15 (2-0)
Стандардна доминација
Холандија
Twente - Roda 1 @ 1.4 (2-0)
Твенте брка титула
Португалија
Benfica - Braga 1 @ 1.95 (2-1)
Спас во 92-ра минута. Цел стадион на нозе.