White Sox - Yankees 1 @ 1.95 (3-2)
Sevojno - Lille 2 @ 1.45 (0-2)
Rabotnicki - Odense 2 @ 1.9 (3-4)


Уште еден фудбалски волшебник на Ноу Камп - Ибракадабра! И официјално, да му посакаме добредојде, успешна и богата, со голови исполнета минутажа во дресот на Барса!
Време е за разделба. Заминува третиот најдобар стрелец во историјата на Барса, откако освои скоро се што можеше да се освои. Осум трофеи: две титули Лига на шампиони, три лига титули, еден Куп и два Шпански Суперкупа.
Ето никогаш нема да биде заборавен, не само поради неговиот карактер, посветеност и енергија, туку и поради неговите голови, од кои многу се покажаа како одлучувачки. Посебно ќе ги паметиме неговите голови од двете финалиња на ЛШ, прво кога го израмни резултатот против Арсенал во Париз, а потоа и кога го отвори резултатот против Манчестер Јунајтед во овогодинашното финале. Ето дојде во Барса од Мајорка, во времето на Франк Рајкард. Не треба да се заборави дека тој беше всушност играч на Реал Мадрид, а тие никогаш нема да си простат што не го проценија добро и што го пуштија да си оди. Постигна 130 голови во 200 официјални мечеви. Редовен стартер, секогаш гладен за победа, со невиден победнички менталитет и силен карактер. Фала ти Самуел!
Сите негови натпревари и голови:
Лига: 145 меча / 108 гола
Лига на шампиони: 40 меча / 18 гола
Куп: 10 меча / 2 гола
Шпански суперкуп: 4 меча / 2 гола
Европски суперкуп: 1 меч / без гол
Ибрахимович во Барса, Ето и Хлеб (+40 милиончиња евра) во Интер! Ете тоа е. Штета што пропадна транферот на Виља, таков играч заслужува да игра во поголем клуб, но денес играчите се третираат како предмети и практично се во сопственост на газдите на клубовите. Три години бара трансфер, толку даде за Валенсија и пак не го пуштаат. Не сум баш среќен со развојот на настаните, но сигурен сум дека Ибра ќе ги полни мрежите на тимови како Малага, Билбао, Мајорка...
Site7 clena od navivacite koj figuriraat vo sobranieto na Vardar se otkazaa od ponatamosna sorabotka.tie ke bidat na tribinite,no nesakaat da sorabotuvaat poveke so Trifun I Kamcev.
ALMERIA-mislam izbra solidna sredina za negovite moznosti.takov prgav igrac e semo za vo spanija...ke dava golovi Ilco,osven ako ne napravi nekoj skandal,pa da ne go pustaat da igra.
Тажна вест стигна на Васизор. На 24 годишна возраст ненадејно почина еден од омилените челинџер играчи на АТП-турот, французинот Метју Монкур. Сигурно се нашол на нашите ливчиња повеќе пати, а беше редовен на додатокот од спортските кладилници. Смртта го затекна како 119-ти играч на светот, а важеше за еден од поталентираните француски играчи од неговата генерација. Играше и на овогодинешниот Ролан Гарос, каде што изгуби во второто коло од Раде. Како што пренесуваат агенциите, смртта најверојатно настанала како последица од некаква белодробна емболија. Монкур штотуку ја почна петнеделната суспензија поради кладење преку интернет на мечевите на неговите колеги, но не беше обвинет дека на каков било начин влијаел врз резултатите.