Tuesday, March 27, 2012

И пак и пак и пак

Бидејќи Васизор ревносно ја прати кариерата на чичко Клаудио, да го одбележиме новиот отказ. Овојпат, по само шест месеци во Интер.
Зошто бе чичко Клаудио не си шеташ внуци по паркови? Или седни пиши една автобиографија, појди си во пензија, раат да си бидеш. Зошто бламажи?

Доколку не појде во пензија, Васизор од се срце му посакува долготраен и успешен ангажман во некој клуб. Прогнозираме дека тоа би биле некои арапини. Во Европа - тешко.

Sunday, March 25, 2012

БокиТип

Бидејќи ништо не се чита,одиме со пишување.
Прво ми е криво Величенствениот што не се стави барем колку толку повеќе ќе се фатеше.Но што е тука е,нецелосно фатено ливче со солидна добивка.
Милан-Рома ГГ 2-1 1.75
Шалке-Неверкузен 1 и ГГ 2-0 2.00 и 1.65 .....тука Неверниците ме лизнаа и одземаа плус 700 денари.
Палермо-Удинезе ГГ 1-1 1.60.....Удине играше цело второ полувреме машки и напаѓачки и успеа да изедначи.
Ајачио-Лориент X 1-1 3.00....Се бараше нулата за поголем коефициент и се најде.

За 100 денари 840....





Saturday, March 24, 2012

Е јеби га

Убаво мартовско сонце. Време и терен, идеални за игра. Гледачи - вообичаените маалски фаци плус понекој купус. Место на одигрување - Спортлајф, Спортлајф, шалтер број два.

- Добар ден.
- Добар ден.
- Да ве прашам нешто.
- Повели бе дечко, прашај.
- Примате ли покуќнина?
- Кхм, кхм (се закашлува од водата од која пие). Што, како?
- Прашувам, примате ли покуќнина? Мислам, како залог, наместо пари. Еве надвор чека камиончето.

Дечкото се врти накај своите колеги, кои воопшто не го пратат разговорот, уплаќајќи им ливчиња на загреаните обложувачи, сабота е, горат шалтери.

- Паааа, незнам - одговара збунето.
- Зошто ако примате, не е проблем, еве јас можам одма да почнам да растоварам, а телевизорот веднаш ќе го донесам.
- Не, не, чекај! Морам некого да прашам (го бара мобилниот, се уште збунето)
- Ај те молам, јави се каде што треба, види прашај. Оти носам вредни работи, шифоњери, гарнитура, фрижидер, шпорет...а плус, спремен сум и нешто паричка да оставам.
- Ама, не сум сигурен дека ќе може, еве и раководителот на сменава треба да праша кај шефот, ама изгледа нема да може.
- Ајде, ќе почека камиончето, не е проблем.

После пет минути...

- Дечко жал ми е, ама само во кеш може да се кладиш.
- Пуууу, штета!!! Е јеби га...
- А, уствари, што сакаше да уплатиш, прашува дечкото, веќе соземен од збунката. На другарите вечер ќе има што да им раскажува.
- Реал и Загреб. Колку точно даваат коефициент?
- Хмммм, 1.15 и 1.25...тоа е точно 1.43.
- А гледам го имате Загреб и на супертип. Тоа е 1.35.
- Е да, ама за супертип треба да имаш барем четири пара на тикет.
- Добро тогаш, дај ми билтен, да уплатам едно обично ливче, еве, одма ќе ги пишам Ливерпул...





Прекрасен наслов


двосмисленост - опасна работа

Monday, March 19, 2012

Што се случува со спикерот....

Па ракија ли е во прашање или што.....оценете сами,ама како и да е човекот откачи скроз.

Sunday, March 18, 2012

Чевртфинале ЛШ

АПОЕЛ - Реал Мадрид - Изгледа среќната ѕвезда оваа година ќе го прати Муци. Тоа се покажа со ждребов. Не само дека што добија АПОЕЛ, туку и по тоа што со сите екипи што евентуално можеа да го елиминираат може да се сретне само во финалето - Милан, Барса, Бенфика, па и Челзи. Ретко поволно извлекување за буљашите.

Марсеј - Баерн - Величенствениот се разбуди и рика на сите страни. Сее страв. Се замисли дури и Муци. Седумка на лото со Хофенхајм и Базел, шестка со Херта. Респекат. Но, Гоки има силно претчувство дека овде шансите се 50-50 и дека ќе биде тврдо и неизвесно. Секако дека ќе гледам со баварски знамиња покрај мене, зашто срамота ќе биде Муци да дојде до финале елиминирајќи тимови како ЦСКА, АПОЕЛ и Марсеј.

Бенфика - Челзи - Е ова е неутрална посластица. Бенфика игра многу убаво, напаѓачки, Челзи се освести по заминувањето на Виљаш Боаш. Како и со Наполи, очекувам голови и неизвесен двомеч, со мала предност за сините.

Медрано - Барселона - Изгледа ќе треба да одиме по трнливиот пат до ѕвездите. Па да, заборавив, ние не сме Реал Мадрид. Првенство земено со еден куп судиски "грешки", покажување сила на Гранада, Сарагоса и Осасуна, а во ЛШ, помини си ги АПОЕЛ и ЦСКА и оп!!! Финале!!! И после Муци бил голем. Туку тоа е друга тема. Да се вратиме на Милан. Ако е како во група, ќе биде "мачји кашаљ". Да потсетиме. 2-2 на Ноу Камп со два шута на Милан и победа од 3-2 на Сан Сиро која изгледаше како Барса да си игра фудбал кога сака и како сака. Мислам дека Милан е од оние тимови кои ги будат мотивите кај Каталонците, Меси, Чави, Иниеста посебно, а може да се истакне и Алексис, кој лани во Удинезе им ја полнеше мрежата. Плус ова е ЛШ. Тука Барса е најмоќна и во сиот свој раскош. Мислам дека жабарите ни се плашат и тоа плашење со нозе тресење. Ќе видиме. Пеп не ги посакуваше. Очекувам забава и возбуда, како што тоа е секогаш случај со Барса.

Saturday, March 17, 2012

Зошто се брише?????

Прекината серијата на паѓање за едно.Но посуштественото прашање е дали треба да се брише пар на ливче.БокиТип токму со таа грешка зема помалку 2600 денари.Незнам како се собира добивката бидејќе имаше 2 типа на еден натпревар,а истиот тој фатен во двете комбинации...да скратам.Тоа е натпреварот Аусбург-Мајнц.Го ставив 1 и ГГ и останатите веќе фатени на ливчево.Плус 2.8 коефициент+1.80 за ГГ на ова ливче со уплата од 200,најмалку 2600 повеќе.Јаааа зкккккк јана сана шифша ноне...ај од грешките демек се учело.
Тоа беше брзо составување на ливче со утринското кафе и паузата до тоалет што се отиде,да речеме одзема 20 минути.Да признаам се бараше помрсна добивка,но ете никој не ми е крив,а веќе ми беше во раце.Чудна некоја ѓаволштина ми дојде чекајќи во редот пред шанкот.....и..... дечко уплатија без горната (првата) утакмица,само фиксовите.И што...во газот.
Бегајте мисли од главава.....
Величенствениот без размислување ниту од 3 секунди беше вториот натпревар.Всушност они се подготвуваа техничко-тактички за натпреварот со Олимпик,којшто за БокиТип мора да признае беше посакуваниот противник за следното коло.Што се немаше среќа да помине Интер и да се падневме со нив,чисто заради некоја онака спортска одмазда за финалето против Муци.Но што е тука е денешната жртва беше Херта,пустите на нивни грб беше подготовката.Ме интересира која екипа и дали воопшто има таква на Европскиве простори која на 3 нтпревари по ред дава 20 гола.Пукна шеската во Берлин.
Третиот тип дојде од Екипа интернет сајт за спорт.Вели Лориент-Брест 1.И така испадна.Им се заблагодарувам.
Барселона остана со двата дадени гола од прво полувреме,ме завлече тука и ГГ да ставам,но си реков да не се претерува и го оставив фиксот.И фиксот беше убав 1.45.
Милан со рутинска победа кај млекарите,неверувам дека ќе дозволи да го напушти првото место до крај на Италијанското првенство.Исто ферски коефициент 1.75.

Херта-Баерн 0-6
Лориент-Брест 2-1 87 минута за водство,но излезе.
Севиља-Барса 0-2
Перма-Милан 0-2

200=1421 денари

Tuesday, March 13, 2012

Јубилеј

Вчера се навршија 15 години од еден од најспектакуларните мечеви кои се одиграле во фудбалската историја. 12-ти март 1997 година, Гоки, тогаш како млад полетен 19-годишен пулен, беше сведок на тоа што значи Барселона и Ноу Камп. Куп на Шпанија, четвртфинале, реванш, Барса - Атлетико Мадрид. Првиот меч: 2-2. Генерација - Гвардиола, Луис Енрике, Фиго, Роналдо, Стоичков, Абелардо, Коуто, Серхи, Де ла Пења...Со трите гола на Милинко Пантиќ (го памтите ли?), Атлетико на полувреме води со 0-3. Се заканува дебакл, срам. Тогашниот тренер, покојни Боби Робсон, се решава за храбар потег. Ги вади дефанзивците Лорен Блан (ич не го сакав спориот Француз) и Георге Попеску, а на нивно место влегуваат Христо Стоичков и класичниот голгетер Хуан Антонио Пици (цар беше за голови).

Почнува второ. УРААААА на голот на Атлетико!
47-ма минута Роналдо, 1-3.
50-та минута Роналдо, 2-3.
51-ва минута, Пантиќ, единствениот играч кој на внуците ќе им раскажува дека им дал четири гола на Барса на Ноу Камп, 2-4.
Тука крајот ли е?
Не.
Се напаѓа.
66-та минута Фиго, 3-4.
Тука ги фаќа страчка Атлетико.
72-ра минута Роналдо, хет-трик, 4-4.
Стадионот гори. Прашање на време е кога ќе падне и петтиот, победнички гол.
82-ра минута Пици, 5-4.
Екстаза. Историја.



таму каде што лудоста е секојдневје

Sunday, March 11, 2012

Неделна треска

Австрија хокеј плејоф
Medvescak - KAC 1 @ 2.3 (3-2)
Медведите беа налутени. Пред 15 илјади тешко се игра.
Германија првенство
Schalke 04 - Hamburger 3+ @ 1.7 (3-1)
3-0 во 30-та минута.
Португалија првенство
Ferreira - Benfica 2 @ 1.45 (1-2)
Бенфика не заслужи. Пресврт "кец у два".

коефициент 5.67
100=570

Оптимизам кај Баварците


Баерн - Хофенхајм 7-1

резултатов нешто познат ми е

Wednesday, March 7, 2012

Идемо даље

Барселона - Неверниците 7-1

14 од 16 гол-гол

Барса = забава!

Sunday, March 4, 2012

Уште една тројка


за второ по ред
Швајцарија првенство
Bazel - Luzern 3+ @ 1.7 (3-1)
ефикасно во дербито
Романија првенство
Mioveni - Steaua Bucuresti 2 @ 1.5 (0-1)
фаворитот трудно против фенерџијата
Австрија хокеј плејоф
Linz - Vienna 1 @ 1.9 (8-3)
убедлива победа во мајсторката

коефициент 4.85
100=485

Крај за Боаш

Мачење му беше во Челзи

Барса-Хихон 3-1

Еве уште една денес гол-гол......

Saturday, March 3, 2012

Неверкузен-Величенствениот 2-0

Што ли треба да се случи за да се заигра како што треба во континуитет или пак едноставно менувајте дел од тимот ова веќе преминува во срамови...Можеби имаат право некој луѓе кој што споменале дека "Баерн ја изгуби почитта од останатите"....спомена денес коментаторот на еуроспорт.Покажаа добра напаѓачка игра,на моменти комплетно неверниците надиграни,но што дека кога нема кој да реализира....Баерн е во голема криза,дали истото ќе се потврди со Базел останува да видиме.Како и да е тешки мачења се во прашање.

Friday, March 2, 2012

Тројка

Португалија дерби
Benfica - Porto GG @ 1.75 (2-3)
Се подразбираше. Динамика, трчање, клоцање, шанси и голови.
Велс првенство
TNS - Bala Town 3+ @ 1.5 (3-2)
Знаат и тие да се растрчаат
Холандија втора лига
FC Oss - Sparta Rotterdam 2 @ 1.8 (1-5)
Спарта ми е фаворит во Холандија два. Овојпат, Спортлајф се истакна (во Копачка 1.7)

Преписка на Фејсбук

Не мора да значи дека е доказ, ама сепак...
Друго, ливчево со 2/1, уплатено седум минути пред почетокот. Некој може и начул нешто, па си рекол дај да пробам за 50-че. Сега сигурно му е криво :-)