Sunday, July 31, 2011

Шест од шест

Нетипично за мене и мои ливчиња, се изврши реденка. Успешна.

Пријателска
Leicester - Real Madrid 2 @ 1.2 (1-2)
Се каам зошто не ја фатив цела предсезона на Муци и само на синглови со повеќе пара. Сигурна игра.
Финска првенство
HJK - Mariehamn 1 @ 1.35 (1-0)
Убедлива игра, неубедлива победа
Хрватска првенство
Dinamo Zagreb - Cibalia 1 @ 1.25 (2-0)
Мамињо
Светско првенство под 20 години
Cameroon - New Zealand 0-2 @ 1.85 (1-1)
децата се неефикасни до немајкаде
МЛБ Безбол
Cleveland - Kansas City 1 @ 1.6 (5-2)
одбран натпревар
Естонија првенство
Tammeka - Levadia 2 @ 1.45 (0-4)
зицерот

Зборевме за него?




светот вели добредојде за новата фудбалска ѕвезда

Одиме во Бразил

Во ждребката за квалификациите за Светкото првенство во Бразил, Македонија доби тешка група. За прв пат сме во игра за последното, шесто место. Кој сега ликува најмногу? Па се знае! Легендарниот, најдобриот, неповторливиот, ма каков Муци, каков Пеп, тренерската големина МИКИ ЈОНУ!!!
"Ме избркавте? Еве ви сега...да ве видиме кое место ќе освоите без мене", мрмља Јону, заборавајќи дека неговите групи беа боза разредена, од третокласна слаткара. Еееее Мики, Мики...кромид еден...
Инаку, мене групата ми е баш по ќеф. Србија и Хрватска - екстра, Белгија - можеме ако сме сконцетрирани 90 минути, Велс, Шкотска - секогаш ме асоцира на поволен резултат за нас кога играме со островјаните.

Wednesday, July 27, 2011

Досие Тиаго Алкантара

Барселона изгледа дека е место со најголемите таленти во цел свет. Или пак, нејзините скаути знаат што сакаат и имаат око за селектирање на добри деца, што ми изгледа далеку поверојатно. Најновиот бисер - Тиаго Алкантара. Зборував за него од пред една година, но неговиот талент сега веќе е планетарно признат. Роден во Италија, пораснат во Шпанија, од спортска фамилија (татко - Мазињо, освојувач на Мунијалот со Бразил 1994 и мајка одбојкарка), Тиаго "врие" со спортски гени, кои најдобро ги покажува во La Masia (младинската школа на Барса). Значи, не станува збор за оние "таленти" кои сите ги најавуваат како идни Марадони, Месиевци и Пелевци, туку за веќе етаблиран играч, избрусен дијамант, кој понатаму само може да станува подобар и подобар. Неговата умешност и знаење со топката најдобро ги покажа со завршувањето на сезоната, освојувајќи ја европската титула со репрезентацијата на Шпанија под 21 година, а тотално блесна на Ауди купот, постигнувајќи три гола на два меча, од кои двата на Баерн во финалето беа ремек дела. Носејќи го дресот со број четири (од клубот претходно изјавија дека четворката ја чуваат за Цеск), се поставува прашањето дали Барселона ќе направи се за да го доведе Фабрегас кога веќе располага со ваков 20-годишен талент и дали со овој потег упатуваат порака дека всушност Фабрегас е тој што треба да гребе и цимоли за Барса, а не обратно? Арсенал беше сериозно заинтересиран за Тиаго, односно токму тој да биде вклучен во преминувањето на Фабре во Барса. Но, Каталонците јасно му покажаа на Венгер дека не ни помислуваат да го дадат Тиаго, потпишувајќи нов договор со него за наредните пет години. Како и да е, мислам дека Пеп ќе има слатки маки наредната година. Буквално со вториот тим, Барса си поигра среде Минхен во големиот Баерн. Церемонии!!!

голот против Швајцарија во финалето на Европското под 21


двата гола во финалето со Баерн


голот против Интернационал во полуфиналето


вештините на Тиаго компилација

Tuesday, July 26, 2011

Лига на Шампиони, ексклузивно на bet-at-home

Twente - Vaslui 1 @ 1.25 (2-0)
Genk - Partizan 1 @ 1.5 (2-1)
Отсекогаш сум тврдел дека дабл, со коефициент околу два, е идеална игра. Само требит кеш братче да извадиш повеќе. Одамна не сум бил активен на bet-at-home, ама сега се погоди моментот.
П.С. Во Белград кецот е реален за бркање

Thursday, July 21, 2011

Лига Европа - шлакнати

Aalesund - Ferencvaros 1 @ 1.9 (2-1)
Split - Domzale 1 @ 1.95 (3-1)
Spartak Trnava - Tirana 1 @ 1.45 (3-1)
Lokomotiv Sofia - Metalurg 1 @ 1.4 (3-2)
Што е заедничко за ливчево? Сите се "кецови", сите се од исто натпреварување, сите се гол-гол и можеби најинтересно, на сите утакмици поведоа гостите, односно беше 0-1. Лудница!

Alexis Sanchez blaugrana

Првото засилување за оваа сезона. Алексис Санчез, Чиле. Од она што го гледам на Копа Америка, па и нешто од Удинезе, врвна класа. Прав играч за нападот на Барса, не е чудо што Пеп спомна дека тој е приоритет годинава. Очекувам да игра улога како што французинот Жили играше до пред некоја година, страшно потсетува на него. Сега може да се концетрираме на трансферот на Цеск.

update: трансферот изнесува 37,5 милиони евра. 26 милиони ќе бидат платени веднаш, а останатите 11,5 ќе зависат од перформансите на Санчез (освени титули, колку пати ќе биде првотимец и такви работи)

Отвораме на Пољуд


За два дена, Барса во Сплит. Кај Хајдук, мојот најсимпатичен клуб од "големата четворка". Единствен од нив, а и воопшто редок случај, кој од самото основање го нема сменето името на клубот или претрпено мали варијации. Сплитските "Били" ќе ја имаат честа да бидат спаринг партнери на најдобрата екипа во историјата на играта и тоа на отворањето на сезоната. Што знаеш за Хрватска, го прашаа Пеп. "Знам дека морето е чисто како солза, а штом Prezidente (Сандро Росел) овде летува три години по ред, значи дека стварно е добро", одбруси тренерот. Инаку, чисто како занимливост, гостинскиот дрес на Хајдук, кој ги има истите бои како и каталонскиот, беше прогласен меѓу петте најубави за оваа сезона. Останатите четири се на Арсенал, Манчестер Сити, Лион и на ПСЖ, додека меѓу петте најлоши, едно место (мислам дека заслужено) и припаѓа на Барса. Штета што нема да бидеме на Пољуд, ќе се надеваме дека Партизан и оваа година ќе влезе во ЛШ и дека ќе ја има таа среќа да се падне со Каталонците во група. Нека почне сезоната!

Алал вера мајсторе!


Од прва може нема да ви стане јасно, ама почекајте ја успорената снимка

Thursday, July 14, 2011

Упецавме!

Турнир Ухрен куп
Basel - West Ham 1 @ 1.7 (2-1)
Базел во 92-ра за победа
Лига на Шампиони квалификации
Bangor - Helsinki 2 @ 1.45 (0-3)
Зицерот на денот, Спортлајф ја намали квотата на 1.45 во текот на денот
Копа Америка
Brasil - Ecuador 1 @ 1.35 (4-2)
самба, самба
Пријателска
FC Koln - Spartak Moscow 1x @ 1.33 (1-0)
добар инфо за овој меч, во игра беше и кецот за 2.45