Monday, June 29, 2009

Абе треба човек и среќа да има

Lorenzi - Lisnard 1 @ 1.7 (75 16 62)
Lov Ham - Notodden 1 @ 1.95 (2-1)
Honefoss - Stavanger 1 @ 1.45 (3-1)
RoPS - Honka 2 @ 1.55 (1-2)

Sunday, June 21, 2009

Wimbledon preview

Драги љубители на тенисот, јагодите, тревата и на дождот, од утре почнува неофицијалното светско тениско првенство - долгоочекуваниот Вимблдон. Оваа година без Рафа, кој поради повреда го откажа настапот. Во новонастанатата ситуација, петкратниот победник и уште малку татко Роже "звани" солза стана прв носител, а ако ме прашате мене и благ фаворит за пехарот. Кој друг би можел да се замеша во борбата за победа? Пред се Мареј, Ноле и Дел Потро. Јас не гледам друг конкурент, освен ако некој не откачи од лондонската трева. Мареј, пред се затоа што е домашен играч во кој нацијата гледа прв Британец кој ќе го освои Вимблдон по извесен Фред Пери во далечната 1936. Ќе го има тој притисок, но добар играч е Енди и веројатно ако не финале, полуфинале не му бега. Ѓоковиќ, кој е полуфиналист од 2007 и кој има 11-4 скор на Вимблдон ќе напаѓа на својот втор Гренд Слем, по оној во Австралија. Но, прашање е колку ќе може да им парира на Роже и на Мареј. Пред Вимблдон, играше во Хале на трева, каде што го изгуби финалето од Хас во третиот сет со 6-1. Со тоа ја потврди старата негова болка - физичката неспремност. Дел Потро нема добри резултати на Вимблдон, но неговата игра оваа година ветува. Смирен, кул, со добар сервис, стигнал до минимум четвртфинале на 9 од 10 турнири оваа година. Очекувам добар турнир и од финалистот од 2004 и 2005 - Родик (додека не стигне до фаворитите), може и Гонзо да изненади, тука е Вердаско, а прашање е како ќе се покажат финалистот од Ролан Гарос - Содерлинг и полуфиналистот од Вимблдон лани - нестабилниот Сафин. И Хас нешто на стари години откачува, го освои Хале на трева и имаше супер настап на Ролан Гарос каде што скоро го победи Федерер. На Давиденко овој турнир никогаш нему се допаѓал, а тоа и самиот го има изјавено, неговиот скор тука е 4-7, па може да се очекува негово испаѓање во првиот дел од турнирот. Од французиве, Цонга може да стигне подалеку поради сервисот, додека од Симон не очекувам многу. Оваа година Централниот терен е покриен, па досадниот дожд нема да им пречи на најдобрите кои ќе играат на него.
Кај невестите, се знае. Непредвидливо до крај. Понекогаш мислам дека во женскиот тенис полесно е да направиш брејк, отколку да го задржиш сервисот. Која стомак ја заболело, која дечко и ја изнервирал, која и иде да заплаче...Прв сет добива 6-0, наредниот го губи 6-1. Но сепак, најголем фаворит е ѕверот Серена Вилијамс. Нормално кога сервира над 200 и кусур на саат. Ланскиот победник Венус исто така има добра шанса, а со сестра и би се сретнале во полуфиналето. Прв носител е Сафина, единствениот број еден на ранг листа во историја без трофеј од Гренд Слем. Загрижувачки е и нејзиниот пораз во финалето во Хертогенбош на трева од Танасугарн. Шарапова се враќа по девет месеци пауза, самата рече дека не очекува многу од турниров. Возниачки би можела да има добар настап, победи сега во Истбурн во подготвителниот турнир пред Вимблдон, како и Кузнецова која знае да одигра на трева и е во добра форма по победата на Ролан Гарос. Од србинките Ивановиќ и Јанковиќ не се очекува многу, а забележителен настап би можела да има ланскиот полуфиналист Дементиева и Азаренка, за која не се знае како ќе игра по повредата по која се откажа во Истбурн. Блага повреда влече и Вера Звонарева, седмиот носител, која има проблем со глуждот. Се на се, не очекува добар турнир на кој нема убедлив фаворит и кај мажите и кај жените. Купете си порција јагоди и пред ТВ!

Friday, June 19, 2009

440-че

И после две, може да се каже несреќно недобиени ливчиња, денеска немаше бегање.
21 Germany - 21 Finland 1 @ 1.3 (2-0)
Wozniak - Dushevina 1 @ 1.75 (61 60)
Tipsarevic - Garcia Lopez 24+ @ 1.85 (46 63 36)
Ventspils - Skonto Riga 1 @ 1.8 (2-1)

Thursday, June 11, 2009

Пак ќе правиме Галактикоси

И додека некој се потпира на младинската школа во освојувањето на титули, клубови како Реал Мадрид отсекогаш се залагале за правење на тим со фрлање на енормни суми и правење на "Галактикоси". Светска економска криза? Нееееее. Платини веќе изјави дека врвен приоритет ќе биде спречувањето на ваквите трансфери. На ваквата политика на Реал и Абрамович може да позавиди. Само, пак ќе го јадат.

Sunday, June 7, 2009

Среќни квалификации

За да го фатиш ливчево треба:
а) да се даде гол во 93-та минута
б) да се направи пресврт од 0-1
в) Аргентина одвај да победи
г) да се окозиш
д) се од погоре наведеното
Albania - Portugal 2 @ 1.35 (1-2)
Qatar - Chile 2 @ 1.5 (0-3)
Detroit - Pittsburgh 1x @ 1.33 (5-0)
USA - Honduras 1 @ 1.55 (2-1)
TAU Ceramica - Real 1 @ 1.3 (89-80)
Argentina - Colombia 1 @ 1.3 (1-0)

Tuesday, June 2, 2009

Гладијаторите на Пеп

Целосното видео кое Пеп им го пушти на играчите пред да излезат на терен