Tuesday, September 20, 2011

Копачка

коефициент - 7.48
истите парови во Спортлајф - 6.43

Чешка првенство
Ostrava - Sparta Prague 2 @ 1.55 (0-2)
Спарта засилени
Португалија првенство
Rio Ave - Sporting 2 @ 1.95 (2-3)
Спортинг дрва, ама па Рио Аве...
Тенис Љубљана
Zemlja - Middelkoop 1 @ 1.5 (61 63)
Земја е јак на земја, плус дома
Данска првенство
Horsens - Odense 3+ @ 1.65 (4-3)
полн погодок

No comment

Thursday, September 15, 2011

Ш'чо напраифме


1903....ш'чо напраифме - Крсте Петков Мисирков

2011....шо напраивме - Владо Илиевски

"лелеее, шо напраивме, луѓеее шо напраивмеее, лелееее"
Владо Илиевски, мигови по победата над Литванија



"Што е тоа во овој тим на Македонија, што на никому не му дозволува да го победи лесно и убедливо"? - го прашаа новинарите Јавтокас.
"Кажете ми вие на мене, јас не знам. Кога играте против нив изгледа дека не прават ништо специјално. Играат проста кошарка и тоа функционира. Ако тоа е доволно за победа, тогаш нема што да им се приговори", одговори литванскиот центар. Стварно, што се случува со Македонија? Знае ли некој? Шпанскиот селектор одговори дека играме некој невообичаен систем со пет играчи позади линијата од 6,75, но пред мечот со Русија кога од кампот на Зборнаја прашале некој литвански експерт што е работава со Македонциве, тој им дал едноставен и прост одговор - "Macedonia has balls". Други пишуваа - што добивате кога ќе споите седум Македонци и еден Американец? Одговорот е 300 Спартанци (алудирајќи на филмот, ако некој случајно не го гледал). И стварно се добива такво чувство. Како да сме големи воини, спретни, мудри. Да ми речеше дека ќе бидеме сензација на првенството може и ќе му верував. Ама дека ќе победиме четири утакмици со два разлика, нешто за што не верував дека имаме менталитет, ќе му речев да се прегледа под итно. Најголемиот успех на македонскиот спорт е постигнат со верба во себе, знаење и неверојатна хемија меѓу играчите и стручниот штаб. А и Докузот ја разбира кошарката :-) Генералот, како што го нарекуваат некои медиуми, успеа да најде противигра за најсилните европски селекции, а и еден Божо Маљковиќ го стави во џеб. Има ли врска, може ли да се најде линк меѓу тригодишното фурање со антиквизацијата, Аце Велики и неговата фаланга со овој подем на македонскиот дух? Секако дека може. На некое микрониво, подсвесно, во најдалечните чакри на македонскиот мозок, допира импулсот дека некогаш сме биле големи, сме биле "воини на коњи". Ако приметувате, од речникот полека и се губи терминот "македонче", толку својствен за малиот, слаб и кршлив припадник на овој народ (иако тотално погрешно интерпретиран, сум зборел за ова. Доаѓа од Србите, кои немаат деминутив и на кои секогаш им е интересно членувањето во нашиот јазик. Но ние сме се препознале и сами сме си го припишале значењето). Полека се вградува чипот дека иако сме географски мали, не мора да сме помали по дух и срце од кој било друг. Ех, кога ова би допрело и до фудбалерите. До нив изгледа последно ќе стигне. Ама ќе стигне. Ќе поминат многу генерации, многу, едно 10-20, може и повеќе пред да го повториме овој успех. Браво за дечките. Поголема афирмација никогаш не сме доживеале. Да бидат наградени. Богато. Затоа што направија да се чувствуваме дека никогаш не било поубаво да си Македонец.

Трпе возбудено ги коментира последните секунди

Перо Антиќ со Трпе. Може тој е таличниот?

неизмерна тага

неизмерна радост

на картите за полуфиналето веќе беше отпечатена Литванија како полуфиналист

Вакво нешто не се видело. Плоштадот "Македонија". Аце ја поздравува масата.

Wednesday, September 14, 2011

Со палки по добивка

МЛБ Безбол
Cincinnati - Chicago Cubs 1 @ 1.7 (2-1)
Atlanta - Florida 1 @ 1.55 (7-1)
Pittsburgh - St.Louis 2 @ 1.6 (4-6)
вистинските парови сами си се открија
Лига на Шампиони
Porto - Shakhtar 1 @ 1.8 (2-1)
Се избегнаа мините и се искористи поклонот од кладилниците. Реално 1.45

Барса - Милан 2-2

Се повтори Сосиедад, се повтори најголемата слабост, се повтори она што Гоки го тртља доооооолго време. Опуштање, опуштање, опуштање...Пеп после Сосиедад рече дека лекцијата е научена, но очигледано ништо не е научено. Треба изгледа стапови да играат во соблекувална, а богами и не е на одмет да се повиши тонот. Но нема место за жалопојки, вака е три години наназад, многу потрагично е што Иниеста е аут еден месец, а Алексис два. Се врати Пуки, а кај и да се враќа и Шачира, па проблемите во одбраната би требало да бидат решени.

Tuesday, September 6, 2011

Бев прилично сигурен во ливчево


Тенис US Open
Pavlyuchenkova – Schiavone 1 @ 1.65 (57 63 64)
дебелкото крме се избори за победа
МЛБ Безбол
Philadelphia – Atlanta 1 @ 1.5 (9-0)
уште да ги замаваат со палките
Пријателска
Brazil – Ghana 1 @ 1.5 (1-0)
доволно за победа
Кошарка ЕП
Latvia – Germany 2 @ 1.3 (80-81)
за малку

Saturday, September 3, 2011

Алал вера!

 МАКЕДОНИЈА - ЦИГАНИТЕ 72:58

Само напред во нови победи

Белгија втора лига
FC Brussels - Heist 1 @ 1.85 (2-1)
победа за главниот град
Квалификации за ЕУРО 2012
Bulgaria - England 2 @ 1.6 (0-3)
Russia - Macedonia 1 @ 1.3 (1-0)
Cyprus - Portugal 2 @ 1.35 (0-4)
Malta - Croatia 2 @ 1.3 (1-3)

избрани сигурните
Тенис US Open
Mayer - Lisnard 1 @ 1.15 (62 75 62)
Жан Рене залута во второ коло