Tuesday, July 24, 2012

Старецот ги наполни 34

Само напред и нема вртење назад

Thursday, July 19, 2012

Дуделанж во газот

Боки реши да стави едно ливче,си вика не повеќе од четири натпревари и седна во Спортлајф-Спортлајф да ја дума...Прво навивачки Бате-Вардар ГГ (СУПЕР ТИП-знам многу имало уплати на Вардар дава гол), Марибор-Жељо ГГ (само што го видов типот некако бев сигурен и го лупнав) 4-1, Шамрок-Екранас X2 ( 0:0 заврши,си викам овие Ирциве тешко до победа дека ќе стигнат и ете излезе,баш ме интересира дали ќе заврши кец во Литванија)....Е сега се бараше последната и Боки го здогледува Дуделанж-Салзбург 2 (си викам екстра Австријците сигурно ќе ги добијат аматериве,кога на крај отворам да видам резултат и нешто ме заболе во газот 1-0 крај....отидоа 962 денара во незаборав.

Ждребката одлучи

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Севиља.Гледајќи ги дугите групи изгледа тешки противници добивме....Данска (сеуште боли поразот од Србија,дали ќе им вратиме???), Исланд (редовно не мачкаат, имаат некој заебан тим, е сега може веќе се подмладени па ќе можеме да ги добиеме), Русија (со нив секој тешко излегува на крај), Катар (богатите Арапи сигурно имаат добар тим,башка може да откачат и да им понудат злато колку што се тешки за секоја победа), Чиле (првпат слушам дека имаат ракомет,ама ете имаат,кој ги знае што тим се....).Првите четири репрезентации одат во осминафинале, па сега мислам Чиле би требало да ги добиеме, може и Катар, а останативе што ли ќе се случи Боки незнае.Не дека немаме ракомет и незнаеме да играме, ама можеби поважно е дека сред Скопска ладна зима ќе се гледа ракомет (11-27 јануари 2013).

Saturday, July 14, 2012

Еве тоа е клуб

Голем клуб, за респект, клуб што држи до своите вредности, каде што се почитуваат играчите и каде што има втемелено филозофија на работење исто колку што има и циркусот Медрано.

Не, грешка. Медрано е сериозна институција.

Се зависи од тоа дали на Силвио ќе му се крене насабајлечки

Thursday, July 12, 2012

Ве поздрави Ана


У курац

Абе убаво не си уплаќав. Имено, после шконарите вчера, денеска се случи нов криминал. Можеби и потежок. Некој како да ми брцна во џеб и ми го зеде добитното ливче. Се испаднато, си чекам Кавчич, дегенот словенски, против Одесник, амерот кој е дојден во Умаг да се избања. Најсигурен бев во овој пар. Тенис чиста Б-класа. Со 15 брејка на двете страни, како да се жени. Трет сет, 4-0 за јанезот и сервис негов. Брејк. Кавчич враќа со брејк и сега е 5-1, сервира за победа. Ја заокружувам, веќе ливчето е добитно. Амерот на земја се враќа на 5-5 и добива во тајбрејк на крај. Измамници, хохштаплери. Два пати по ред.

Си уплаќале људи


Wednesday, July 11, 2012

Уааа шиткачи!!!

"Стицајем околности", едно недела дена немав уплатено ливче. Го посетив Спортлајф, Спортлајф со добри шифри и со висок процент на самодоверба. Она што малку ми матеше вода беше парот Портдаун - Шкендија, но незнаев зошто. Ја имав од 0-2. Знаев дека таму едноставно нема кој да даде гол, ќе биде "удри го другарчето". Ама нешто сепак матеше вода. После ми стана јасно. Два у кец, местенка "пар екселанс". Незнам дали ќе има истрага околу мечов, ама се ќе ви биде јасно после снимкава, посебно голот во 81-ва кој ме бутна:     



Вака сега:

Голманот, нема потреба од докази материјални, да се бараат итн. ОДМА суспензија од две години да не припари на терен.

Овие двајцава шпонови што се фаќаат за глава, ко демек, лелееее, да се види во која кладилница во Боговиње или Мала Речица уплатиле пари за два у кец.

Трето - забрана за Шкендија играње во еврокупови осум години.

Криминал

Saturday, July 7, 2012

07.07.2012

Еве денеска е роденден на старосватот,па Боки да му посака среќен ден,се најубаво и жив здрав да е многу години....Нека има и некое ракииче на асталот,покрај убавата грација.Наздравје.

Кошарка

Кога ќе победиме црнци во кошарка јавете ми....Денеска е сосема јасно дека во кошаркарската игра вледеат црнците.Тука нема муабети...не ни тргнало,судии,незнам што...тоа непали кај чоколадните.Доминикана си ја истемпира играта,си чекаа и не победија.КЛАСИКА.
Олимпијадата е за најдобрите,тоа не е шала.Ние не припаѓаме таму,се љутел некој или не.
Дали некој навистина мисли дека со Чековски и Гечевски можеме до олимпијада.НЕ.Тоа се просек од играчи.А што ако не игра за нас и Мекелеб.Кој ли е и од кај се појави нашиов тренер???Па неможе он Роберто ди Матео да биде,сите знаат кој е и што стои зад него.
Накратко големите достигнувања доаѓаат во континуитет.Нас ни се создаде можност,но вистината е дека континуитетот е далечен за нас.Тука нема љутиш,тука се какаш и тоа ти е.
Во кошарката да водиш со 20 коша е исто како во фудбал да водиш 2-0....
И повторно на олимпијада,на отворањето ќе се појавиме со 10 души,од кој 2-ца лекари,еден физиотерапефт,еден претставник од олимпискиот сојуз и еден залутан партиец....

Thursday, July 5, 2012

Wednesday, July 4, 2012

Хеллоооооо

Боки да ги поздрави Васизорци....И да им посака среќа на нашите кошаркари во Венецуела.
Со Ангола ги наполнија гаќите,Нов Зеланд и ние да се собереме 5-6 души ќе се држиме....ееее сега е време за кошарка,ако се сака да се стигне до Лондон.