Monday, May 31, 2010

Жози на Бернабеу

Жози и официјално стана тренер на Мадрид. И официјално, фудбалот станува се поинтерсен, а исто така официјално, тежиштето на светското фудбалско внимание е сконцетрирано во Шпанија и во Барса и Реал. Мајку му негова, дојде од омраза, како некое искомплексирано дете. Кај нас беше "само преведувач" и откако се подаде да не тренера и по ладната корпа, реши да не мрзи од дното на душата. Но, нема врска. Ќе му се покаже кој е кој, нас не не интерсира кој е кормилото на ривалот. Ние не калкулираме и познаваме само еден збор - фудбал, а во таа игра сме најдобри!

П.С. Зошто не победија девојчињата наши ракометни? Any explanations?

Friday, May 28, 2010

NIKE - Write the future

Една од подобрите реклами што се појавила во последно време. За разлика од Кока-Кола со Роџе, Фанта и останатите маркентишки џинови кои прават се потапа реклами.

Wednesday, May 26, 2010

Литванија-Македонија (жени) 19-33

Браво девојки,играа од срце,се гледа сакаат и највероватно ќе бидат дел од европското првенство во Данска и Норвешка.Потребна е само победа во недела против Холандија и готово е.Мислам дека нема да има проблеми,се вратија повредените Бајрамовска и Портјанко,Тодоровска повторно се попишмани и заигра,Кресоја,Пецевска и Црвенковска секогаш стандардни,сега уште Охо(танга) да се оправи,мислам имаме солиден состав.
Тренерот Јошко изгуби гласни жици,дерејќи се кон девојките....сироти.Само претпоставувам што ќе се случи на таа девојка која што ќе погреши на Кале во недела.

Sunday, May 23, 2010

Со Муци до добивки

Шампионот одамна се знаеше. Точниот резултат одамна се знаеше. Таква сигурност ќе беше греота да не се наплати. Колку што се можеше, се уплати. Сугерирав до сите што ги знам, кој послуша, се офајди. Едноставно, Интер е појак во сите линии. Плус сречкото Муци. Доказ дека тој не е некаков тренерски гениј, туку покрај неоспорното тренерско знаење го прати фортуната, е ставањето во игра на Киву, кој требаше да го запре Робен. Не само што не го запре, туку да имаше Баерн барем уште еден класа играч сигурно даваше барем гол. Со 30% посед на топка да ја поминеш Барса и да победиш во финале...незнам што да кажам.
Од останатите пари, требаше да се уплати нешто ситно на точен и на победа чиста. Но, одиграв на најсигурно.

Стариот младожења

Старото одамна типуваше на точен резултат за овогодинашното финале помеѓу Интер и Баерн,и вистина го погоди....2-0 победа за Муци.Браво, требаше сингл да си го изиграш и оп,некоја паричка ќе имаше.
Инаку што да се пише,ако не се пише повторно за антиталентот за фудбал,всушност тој и не знае да игра фудбал.Тоа е факт и од тоа нема бегање.Нејќам ниту да го спомнувам,но ќе мора да се пише.Се работи за МИЛЕР.Човекот едноставно незнае,нема квалитети,тој е без осет и прегледност на играта....тоа е тешка работа за него.Боки предвидуваше дека ако МИЛЕР не играше се ќе беше поинаку.Така и се случи,но за жал повторно со точното предвидување од моја страна.Ако МУЛЕТО постигнеше гол на почетокот на второто полувреме се ќе се завртеше во полза на Баварците.Тоа ќе беше дополнителен мотив и јуриш кон голот на мачката и на секогаш збунетиот Лусио.
Но,тоа е нека му ја мислат Баварците....всушност не треба многу мислење МУЛЕТО И ВАН БАЈТЕН треба да си заминат од клубот и да се доведат поквалитетни играчи.
Честитки за Интер и Муци.
Не ми е јасно како Муци ќе биде тренер на Реал кога тимот не го негува неговиот стил на игра.За одбрана во Мадрид дали и воопшто се размислува.Како ли Муци ќе се снајде меѓу тие нарцисоидни играчи,секако не сите.Реал едноставно ќе биде угушена екипа,ако Муци игра со таа тактика во ЛА Лига.....ЛА Лига е најквалитетната лига,според мене и знаат да играат напаѓачки фудбал,и да се спротивстават на одбрамбената тактика на Муци.Но ќе видиме,затоа и ќе биде интересна следната сезона.Муци се покажа како џентмен и не правеше големи циркузи на Бернабеу,но како ли ќе се појави следната сезона на Камп Ноу јас незнам.Ако за полуфиналето го маваа со камења,сега може некој дома си подготвува лак и стрели.......
Како и да е ќе треба старото да ја замени позадината на ВАСИЗОР со боите и амблемот на Интер.Сепак заслужија....Посебен феномен се навивачите...од кога цела Македонија станаа симпатизери на Интер???????Знам Гоче игра таму,но........

Friday, May 21, 2010

Мајско освежување на ВАСИЗОР


Па и околностите,НАЛИ послем,НАЛИ..........
За арно,за убаво нека е.

Monday, May 17, 2010

Одиме понатаму


ШАМПИОНИ 2009 / 2010

"Кралевитe" попушија

Malaga - Real Madrid 1x @ 2.4 (1-1)
Безбол
Tampa Bay - Seattle 1 @ 1.7 (2-1)
Бразил првенство
Goias - Internacional 1 @ 1.75 (2-3)
Норвешка првенство
Rosenborg - Honefoss 1 @ 1.2 (3-0)

Бразил отсекогаш биле брљи невидени, само ГГ таму треба да се игра. Гоиас на полувреме водеше со 2-0.

Sunday, May 16, 2010

Тип

Еве еден тип без уплата.......
Валенсија-Тенерифе.....2
Санрандер-Спртинг.......1
Малаг-Реал.........ГГ
Барса-Ваљадолид .......5+

Sunday, May 9, 2010

Одиме по титула

Villarreal - Valencia 1 @ 1.7 (2-0)
Sevilla - Barcelona 2 @ 1.55 (2-3)
Wolfsburg - Eintracht 1 @ 1.8 (3-1)
Real Madrid - Bilbao 1 @ 1.15 (5-1)

И по подолго време "губење лига" за влакно, фрливме јадица па се закачи едно саботно, фудбалско.

Saturday, May 8, 2010

Ливче

Боки стави едно ливче и има големи надежи.Последните 3-4 се падна за едно,па дали ќе продолжи серијата......

Севиља-Барселона....2 (Боки типува на 3 постигнати голови од страна на Барселона,па ќе видиме).
Реал-Билбао.....1
Манчестер-Стоук.....1
Јувентус-Парма........1 (Ако сака старата дама излез во европа мора да победи,или навистина ќе престари сезонава)
Тенерифе-Алмериа....1 (Тука за опстанок ќе има и лактови и клоци)
Ваљадолид-Сантандер....1 (Ваљадолид немаше да ги играм,ако Клементе не дојде за тренер.Јас уште на почетокот реков дека они ќе испаднат,бидејќи ги гледав и се класични дрва.Овој натпревар би сакал да го гледам во живо....мислам ќе биде драма невидена)

Tuesday, May 4, 2010

Кај одиш?

Си отиде човекот гол да си прославува со своите навивачи. Чекај, неговите ли се?


ЖБГАУУУ!!!