Sunday, January 31, 2010

Со Барса до редовен секс

Историскиот гол на Андрес Иниеста во судиското продолжение на "Стемфорд Бриџ" со Челзи, со кој Барса обезбеди пласман во финалето на ЛШ, ја зголемил стапката на новородени во каталонската престолнина за 45%, пишува спортскиот весник "Ел Мундо Депортиво". Студија, направена девет месеци по незаборавниот момент за фановите на Барса јасно го покажува овој факт, а од одделот за гинекологија во болница во Барселона изјавија дека во просек имаат по девет или 10 пораѓања дневно, додека овие денови се прилично зафатени - пораѓаат по 14 или 15 жени. Од болницата на шега изјавуваат дека ако Барса продолжува да освојува трофеи, ќе мораат да го зголемат персоналот. Се на се, голот на "Сан Андрес" се покажал како силен афродизијак!

Уште една добитна четворка

Среда и четврток не беа денови за кладење, затоа во сабота се влезе со чисти мисли...за чисти парови...за второ по ред...
Шпанија првенство
La Coruna - Real Madrid 2 @ 2 (1-3)
Белгија првенство
Club Brugge - Westerlo 1 @ 1.35 (2-1)
Германија Првенство
Schalke 04 - Hoffenheim 1 @ 1.7 (2-0)
Англија првенство
Burnley - Chelsea 2 @ 1.3 (1-2)

Thursday, January 28, 2010

Добитна четворка

Кошарка Евролига
Panathinaikos(-16) - Partizan 2 @ 1.85 (59-64) - добро, на кого му текна хендикеп +16 за Партизан? Витрини се носеа од дома...

Тенис челинџер Хеилброн
Berrer - Navarro 1 @ 1.25 (75 57 63)
Тенис Австралија Опен
Murray - Cilic 1 @ 1.25 (36 64 64 62)
Англија Карлинг куп
Manchester Utd - Manchester City 3+ @ 1.7 (3-1)

Monday, January 25, 2010

IL GRANDE MACEDONE!!!



Реал се мачи, напред наши

Американски фудбал НФЛ
Indianapolis - NY Jets 1 @ 1.3 (30-17)
Шпанија Примера
Real Madrid - Malaga 1 @ 1.2 (2-0)
Англија Премиер
Manchester Utd - Hull 1 @ 1.2 (4-0)
Хокеј Швајцарија
Fribourg - Biel 1 @ 1.7 (4-1)
Хокеј Шведска
HV 71 - Rogle 1 @ 1.35 (5-1)

Thursday, January 21, 2010

Пеп продолжува

И официјално, Пеп се согласи да го продолжи договорот со Барса на уште една сезона. Гвардиола имаше договор, кој истекуваше на крајот од оваа сезона, но новиот потпис му обезбеди останување на „Ноу Камп“ до јуни 2011 година. "Нема подобро место од тука", рече Гвардиола по постигнувањето договор. "Верувам дека тренерот треба да потпишува договори на кратко време бидејќи тој треба постојано да се докажува освојувајќи трофеи со играчите, за навивачите", додаде Пеп и уште еднаш ја потврди својата големина во пристапот кон работите и размислувањето.

Sunday, January 17, 2010

Враќање на победнички патеки

Хокеј Германија
ERC Ingolstadt - Iserlohn 1 @ 1.7 (4-2)
Хокеј Швајцарија
Bern - Lugano 1 @ 1.7 (4-0)
Италија Серија А
Roma - Genoa 1 @ 1.7 (3-0)
Хокеј Норвешка
Frisk Asker - Stjernen 1x @ 1.37 (5-3)

П.С. Македонската ракометна репрезентација не успеа да се пласира во баражот за Светското првенство во Шведска наредната година. Изгледа повторно проработеле суетите на ракометарите или на стручниот штаб, па така еден исклучително талентиран состав предводен од Лазаров не успеа да победи второкласна репрезентација како Литванија. Единствениот случај кога цреповите и тиквите од ракометари успеаја да ги совладаат своите ега откога Македонија е самостојна, резултираше со 11 место во светот и победи над светски велесили како Русија и Полска. "Он на мене ќе ми кажува подај или не шутирај. Морееее..."
Неинтелегенција.

Австралија Опен

Првиот Гренд Слем годинава. Ќе пржи сонце, ќе се предаваат мечеви, дали Роже пак солзи ќе рони? Коефициентите за победник според Спорт Лајф:

Многу блиску до четвртото

Тенис Австралија опен квалификации
Ilhan - Kindlmann 1 @ 1.7 (7-5 1-6 11-9)
Bayern - Hoffenheim 1 @ 1.55 (2-0)
Хокеј Швајцарија
Fribourg - SCL Tigers 1 @ 1.65 (3-1)
Manchester Utd - Burnley 1 @ 1.2 (3-0)

При резултат 1-1 во сетови, Илхан сервираше на два пати за меч. При 5-4 и 6-5 во гемови за него. Но, не за џабе се рекло за германчиштата - к'ниња, успеваше на два пати "љубезниот Kindlmann" кој инаку "љубезно" си ги губи мечевите да се врати во игра. Ретко кој може да одолее на германската упорност па така, по голема борба, турче се предаде. Сепак, по откажувањето на Жил Симон, како т.н. lucky loser ќе настапува во првото коло на Австралија Опен.

Friday, January 15, 2010

Серија од три

Тенис Австралија опен квалификации
Devvarman - Kamke 1 @ 1.4 (26 61 86)
Одбојка ЛШ (ж)
Pesaro - Gunes Istanbul 1 @ 1.35 (3-2)
Тенис Австралија опен квалификации
Sirianni - Minar J 1 @ 1.7 (16 75 64)
Хокеј NHL
Chicago - Columbus 1 @ 1.6 (3-0)

Wednesday, January 13, 2010

Мал микс за второ по ред

Кошарка Еврокуп
Charleroi - Turk Telekom 2 @ 1.55 (61-74)
Тенис Сиднеј
Gasquet - Becker 1 @ 1.35 (62 76)
Италија Куп
Roma - Triestina 3+ @ 1.5 (3-1)
Хокеј NHL
St Louis - Columbus 1 @ 2.1 (4-1)

Sunday, January 10, 2010

Викенд ливче

Real Madrid - Mallorca 1 @ 1.3 (2-0)
Одбојка Германија (м)
Friedrichshafen - Moerser 1 @ 1.2 (3-2)
Roma - Chievo 1 @ 1.6 (1-0)
Кошарка Јадранска лига
Buducnost - Zagreb 1 @ 1.4 (82-73)

Многу ретко се уплаќа за 150-че, но овојпат се имаа вистинските утакмици. Се избегнаа мините како Арсенал, Манчестер, Севиља, Виљареал...

Saturday, January 9, 2010

Тоговци нападнати

Ах таа Африка! Во пресрет на Африканскиот куп на нации, само што поминале границата со Ангола - земјата домаќин, автобусот на Того е нападнат со тешки рафали и пукотници. Возачот на автобусот загинал, додека четворица се ранети од кои за двајца е потврдено дека се играчи. Најголемата звезда во тимот Емануел Адебајор не е ранет, но според неговата изјава дадена за клупскиот сајт, бил во голем шок. Тој признава дека многу од неговите соиграчи од репрезентацијата сакаат да го напуштат Африканскиот Куп и дека ќе биде одржан тимски состанок на кој составот ќе дискутира дали тие ќе останат во Ангола или ќе се вратат во своите клубови. На кого ли од нив му е до фудбал по вакво нешто? Потполна поддршка од мене за напуштање на турнирот без размислување. Заседаваше и Конфедерацијата на Африкански Фудбал која реши дека турнирот нема да биде одложен и тој ќе се одигра во планираното време. Нападот го извршиле сепаратистите од провинцијата Кабинда, која е богата со нафта и кои долги години бараат отцепување на областа од Ангола. Седум мечеви од турнирот се закажани во најголемиот град од оваа област.

UPDATE: Билансот на жртви се зголеми на три, откако во меѓувреме покрај возачот на автобусот, починале и помошникот тренер и портпарол на екипата. Резервниот голман е потешко ранет. Иако Тоговци решиле да останат и да играат во чест на загинатите, по директива од политичкиот врв на земјата тие нема да земат учество во Африканскиот куп на нации.

Wednesday, January 6, 2010

Потребен е нов импулс

Дури сега се гледа колку е тешко да се повторат шесте титули. Ќе биде ѓаолски тешко да се освојат дури и две. Сега е време Гвардиола да го извади зајакот од шеширот. Мотивирај! Ако воопшто нешто големиот Пеп чува како тајно оружје, сега е одличен момент да го употреби. Барса е млитава, немотивирана, спора. Тука додај дека сите тимови против неа играат со 120% и сакаат да го добијат апсолутниот шампион...Рака на срце, со Севиља се играше со втора постава, но во игра влегоа и "тешкашите". Милито прв пат игра по речиси две години. Чигро ни оддалеку не вреди 25 милиони евра, туку околу три. Маркез не е ни за во Пуебла. Боки Крки е талентиран но...Фалат африканците Јаја и Сејду. На Меси му се тешки нозете. Иниеста и Чави не се ланските. Ќе излезе ли Блауграна посилна по овој период? Станува збор за вообичаен замор? Пеп знае.

Friday, January 1, 2010