Tuesday, March 13, 2012

Јубилеј

Вчера се навршија 15 години од еден од најспектакуларните мечеви кои се одиграле во фудбалската историја. 12-ти март 1997 година, Гоки, тогаш како млад полетен 19-годишен пулен, беше сведок на тоа што значи Барселона и Ноу Камп. Куп на Шпанија, четвртфинале, реванш, Барса - Атлетико Мадрид. Првиот меч: 2-2. Генерација - Гвардиола, Луис Енрике, Фиго, Роналдо, Стоичков, Абелардо, Коуто, Серхи, Де ла Пења...Со трите гола на Милинко Пантиќ (го памтите ли?), Атлетико на полувреме води со 0-3. Се заканува дебакл, срам. Тогашниот тренер, покојни Боби Робсон, се решава за храбар потег. Ги вади дефанзивците Лорен Блан (ич не го сакав спориот Француз) и Георге Попеску, а на нивно место влегуваат Христо Стоичков и класичниот голгетер Хуан Антонио Пици (цар беше за голови).

Почнува второ. УРААААА на голот на Атлетико!
47-ма минута Роналдо, 1-3.
50-та минута Роналдо, 2-3.
51-ва минута, Пантиќ, единствениот играч кој на внуците ќе им раскажува дека им дал четири гола на Барса на Ноу Камп, 2-4.
Тука крајот ли е?
Не.
Се напаѓа.
66-та минута Фиго, 3-4.
Тука ги фаќа страчка Атлетико.
72-ра минута Роналдо, хет-трик, 4-4.
Стадионот гори. Прашање на време е кога ќе падне и петтиот, победнички гол.
82-ра минута Пици, 5-4.
Екстаза. Историја.



таму каде што лудоста е секојдневје

No comments:

Post a Comment