Wednesday, May 30, 2012

И овие не беа европски шампиони



Што ли прави Челзи на тренинг?

Monday, May 7, 2012

Too much alcohol


Денвер - Лејкерс, плејоф.



Прашувала каде е Кенион Мартин (играше за Денвер седум години)


Saturday, May 5, 2012

Шќуфур


Шќуфур - лице кое нема среќа, кое на несреќен, но комичен начин му се случуваат нештата

Ете, не престануваат да се случуваат вакви работи во спортскава. Вчера вечер си ги запишав, идејќи накај работа, да ги уплатам Штутгарт - Волфсбург и Нирнберг - Леверкузен, двете ГГ и 3+ (1.75 и 2.15) заедно со Осасуна - Сосиедад 1 (1.95) и Гранада - Реал Смрадрид 2 (1.4). Се откажав од тоа ливче, си викам ај батали Германците, иако таму е претпоследно коло, се знаеше дека ќе има голови. Тие се од 15.30, ај на работа ќе си размислам убаво, плус гледам и Кабс се од 19.00 со коефициент 2.15 против нив. Па си реков имам основа за ливче и тоа добра (во Осасуна бев сигурен, Кабс се дрва, а Реал е вин-вин. Иако освоија титула, се лажат луѓево дека немаат мотив. Бркаат 100 бода во првенство, нешто што досега не му успеало никому. Барса лани имаше 99).

За беља, Кабс од некоја необјаснива причина денеска ги немаше во понуда ни во Спортлајф, ни во Копачка, па морав да прибегнам кон импровизации. Бутај, Осасуна, Муци, Војводина 1-1 (1.8, лесно си излезе и која уште една)? Рома - Катанија? Нееее, никогаш не ми идело со Рома и воопшто со тие "УЕФА тимови", секогаш ме бутале. На пр. ПАТЕТИКО Мадрид ме изеба во 92-ра минута минатото коло кога го прими дома од Сосиедад. Плус, Волчицата не е во форма, се споменува смена на Луис Енрике, џабе што фураат Барса филозофија со убав фудбал - што би рекол Боки - "акции по земја". Во своевиден цајтнот, сепак се одлучувам за Рома...
 

Прво Воша си излезе глатко (2-0, 2-0), а фино си почнаа и останатите, иако Тоти во 9-та минута промашува пенал. Осасуна си поведува 1-0, си ја бркаме работата. Муци губи 1-0, но таа како да ја немам на тикет. Полувреме во Рим 0-0, но Рома ја има иницијативата. На почеток на второ Тоти се вади за пеналот и конечно водство. Но, кратко траеше радоста што би рекле коментаториве. За неполни 10 минути, Катанија ја врти на 1-2. Јеби га. Осасуна си брчи 1-0, но и Муци го јаде. Тоти изедначува во 77-ма. Има уште време. Нема. По кој знае кој пат го јадам на УЕФА тимовите. Смрадрид уште го јаде. Мајку им ебам нафурана, напаѓаат ли напаѓаат. Ко титула да им зависи. Ете ти беља, Кристијана, 81-ва минута 1-1. Ќе ја вртат. Време поминува, 90+ се игра, ги затвора сите и ете ти на крај, МОРАШЕ. МОРАШЕ, ПИЗДА ИМ МАТЕР ДОПИНГУВАНА!!! 1-2, во 93-та. Фрчет и црвени на крај за Гранада, кој знае што се случувало. Реал си доби во својот познат стил (ова ми се чини им е осми пресврт оваа сезона, лани сигурно уште толку, секоја чест). Кабс нормално, го изедоа 1-5.

Нема везе. London calling.

Моја Барса, пак, го испраќаше Пеп на Ноу Камп. Пригодно сценарио за крај, сите почести и салтанати, зачинети со победа од 4-0 над градскиот непријател. Сите четири гола ги постигна Меси, со што покрај новиот светски рекорд, постави и друго прашање: Дали Барса е премногу зависна од еден играч? Инаку, оваа година покрај името на Меси, најчесто е зборот рекорд, незнае ни самиот колку сруши оваа година. Светскиов рекорд бил во сопственост на некој американец од 1925 година или така нешто, дал 70 гола во една сезона, Меси сега има 72, од кои 50 само во Примера. Неверојатно. Два даде од пенал, исто како и во минатото коло против Малага. Тоа се четири пенали во две утакмици. Запрашан за судењето на пеналите, одма против Малага, Пеп краток, јасен и прецизен - сега е касно да ни свирите пенали. Смешно беше Реал да има три пати повеќе удари од белата точка, но што е тука е. Барса откако изгуби против Челзи, опуштена, лепршава, разиграна, ефикасна. Против Рајо, седум гола од 10 удари. Против Челзи? Грч. Два гола од 48 удари, плус промашени пенали.
имаше и фрлање за крај

Пеп и Муци - време на нежност


после финалето на КПК 1997, Барса го доби ПСЖ

некогаш беше поинаку