Sunday, August 29, 2010

Борче со Пелистер


Стааар комита.

Пронајдиго Боки

Вардар-Пелистер 1-0 (28.08.2010)

Еве го Боки тука прв лево во карираните панталони,брзо ита да ја избегне гужвата пред влезот и да појде што побргу до тоалет оти пука бешика беше од пивцето.....
Боки се пронајде на уште една фотка,крајно десно се држи за шипката и следи натпревар...веднаш над знамето комити со црн крст,до дечкото со бела маица.

Босна-Македонија

Епа Марине ајде еве ти шанса да се покажеш што тренер си.Доста се вадеше на публика и трескаше глупости на тајм-аути,сега е време кога е најпотребно да победиш и да се пласираш.Ти имаш голема среќа што ти одат во прилог резултатите од другите групи и можеме да отидеме и како 2-ро пласирани.Потребен е и мал пораз и да се пласираме на Европското во Литванија...Сигурен сум дека Марин и воопшто нема некоја тактика,туку ќе се моли на играчите да дадат се од себе и да го однесат на Европско Македонскиот слаб тренер.Мислам дека Босанците иако отпишани ќе дадат се од себе и ќе си ја изиграат онака како што знаат,без никакво попуштање или нешто слично.
Ќе видиме што ќе се случи,Боки е оптимист и заслужуваме да играме уште едно Европско по ред.
Инаку Честитки за ватерполистите Македонија-Русија,прво коло 10-9.

Saturday, August 28, 2010

Честитки



Честитки за младите и полетни Вардарци, кои во ситуација кога клубот пропаѓа, кога нема каде да тренираат, без финансиска надомест и катастрофални услови и кога 95% ќе испадне од лига, го победија вечниот ривал Палистер со 1-0.

Среќно се чека второто по ред

Во Спортлајф, Спортлајф се отиде со кошарка Бразил - Иран 1 хендикеп прво полувреме (-11,5). Бидејќи станува збор за нови игри, Спортлајф има збунка во системот па тоа неможеше да се игра. Ајде си викам пиши го 1 хендикеп на конечен (-21,5). Ни тоа неможеше, па Гоки од немајкаде ја бутна Арсенал. На полувреме, Бразил водеше со 10, а на крај победи со 15 разлика. И онака ми беше најсомнителна. Сега се чека само Муци. Win-win ситуација, сречкото почнува со победа.
Англија првенство
Manchester Utd - West Ham 1 @ 1.2 (3-0)
куќи, станови, мебел, кој што има...
Blackburn - Arsenal 2 @ 1.65 (1-2)
изнуден тип
Англија Конференција
Hayes - Crawley 2 @ 1.65 (0-3)
брљи
Шпанија првенство
Mallorca - Real Madrid 2 @ 1.4 (0-0)
ни петина од она што го прикажа Барса

Friday, August 27, 2010

Добра ждрепка

Незнам зошто, но оваа година групите за ЛШ ми изгледаат доста атрактивни. Освен можеби онаа на Барса, од која сме суперзадоволни, сами да си ја одредевме немаше вака да ја смислиме. Се друго е, што би рекол стариот, симпатично. Интер со Тотенхем и со Вердер- шарм, Манчестер со Валенсија и со Бурса - голови, Баерн и Рома - убавини, Лион, Бенфика и Шалке - неизвесност, Милан, Реал и Ајакс - класика. Тука е и Партизан, кого секако ќе го следиме со Цеки.

Само храбро

Шкотска куп
Queen of South - Forfar 1 @ 1.65 (4-1)
кралицата разиграна
Тенис U.S. Open квалификации
Matosevic - Beck 1 @ 1.6 (75 63)
Berankis - Cabal 1 @ 1.2 (75 63)
идентичен резултат
Англија Карлинг куп
Everton - Huddersfield 1 @ 1.4 (5-1)
поклон од Спортлајф

систем 1/2
Ajax - Dynamo Kyiv 1 @ 1.85 (2-1)
Zilina - Sparta Praga 1 @ 2.4 (1-0)


Една од поубавите добивки. Услов не се изиграл 100 години. Сега дојде во право време.

Monday, August 23, 2010

Кралот на нерешените


Тешко губи, уште потешко победува. Еден и единствен, Марк "Цапар" Хјуз. Ми го потопи ливчето во 90-та минута.

Thursday, August 5, 2010

Како го шутнаа Раул

Како што веројатно знаете, живата легенда на Мадрид и една од иконите на клубот, Раул, премина во Шалке. Успеа уште на првиот меч на Баерн да му даде два гола, со што најави дека ако го прати здравјето ќе конкурира за прв стрелец во Бундес годинава и дека ќе биде силно засилување во борбата за пехарот. Она што мене ме иритира, е политиката на буљашите од Мадрид. Уште еднаш, по којзнае кој пат, покажаа дека во нивниот клуб нема место за некакви морални скали и традиции, однос кон оние кои крв пролија за боите на клубот. Го дадоа во Шалке, човече, како некоја стара вреќа го шутнаа, иако тој би можел да доживее втора младост со Мурињо. Им најавија на младите деца од нивната академија што сонуваат да ги наследат Раул, Бутрагењо, па и Касиљас, што ги чека дури и да се најдобри. Му даваат предност на некојси копиљ како Бензема, кој цел живот да игра, нема да го достигне она што Раул го направил. Според зборовите на Гвардиола - "најдобриот шпански играч на сите времиња" и реткиот Мадридиста кој беше почитуван од Барселона. Ел Класико секогаш беше побогато со него. Човек кој го дише дербито и го почитува. Не овие прдежи предводени од Роналдо. Сега остана само Касиљас. Еден по еден, се ослободуваат од тоа што вреди кај нив. Политика која води кон пропаст. Единствено нешто што може да ги спаси оваа година е купувањето на огромна среќа, олицетворена во ликот на Мурињо.
сеуште не ми се верува дека е во дрес на Шалке

Тргна во Август


Лига Шампиони

Rosenborg - AIK 1 @ 1.4 (3-0)

Скандинавски дуел

Celtic - Braga 1 @ 1.85 (2-1)

Најнеизвесно и несигурно. Шкотите со пресврт. 

Пријателска

Club America - Real Madrid 2 @ 1.4 (2-3)

Среќниот почна со среќно со победи

Палки

Pittsburgh - Cincinnati 2 @ 1.65 (4-9)

удри го топчето

Monday, August 2, 2010

Три + една за услов

Летни палки
Washington - Philadelphia 2 @ 1.65 (4-6)
San Diego - Florida 1 @ 2.15 (5-4)

Данска првенство
Brondby - Midtjylland 1 @ 2.05 (1-0)
Кошарка НБА жени
Washington - Tulsa 1 @ 1.07 (87-62)