Sunday, March 18, 2012

Чевртфинале ЛШ

АПОЕЛ - Реал Мадрид - Изгледа среќната ѕвезда оваа година ќе го прати Муци. Тоа се покажа со ждребов. Не само дека што добија АПОЕЛ, туку и по тоа што со сите екипи што евентуално можеа да го елиминираат може да се сретне само во финалето - Милан, Барса, Бенфика, па и Челзи. Ретко поволно извлекување за буљашите.

Марсеј - Баерн - Величенствениот се разбуди и рика на сите страни. Сее страв. Се замисли дури и Муци. Седумка на лото со Хофенхајм и Базел, шестка со Херта. Респекат. Но, Гоки има силно претчувство дека овде шансите се 50-50 и дека ќе биде тврдо и неизвесно. Секако дека ќе гледам со баварски знамиња покрај мене, зашто срамота ќе биде Муци да дојде до финале елиминирајќи тимови како ЦСКА, АПОЕЛ и Марсеј.

Бенфика - Челзи - Е ова е неутрална посластица. Бенфика игра многу убаво, напаѓачки, Челзи се освести по заминувањето на Виљаш Боаш. Како и со Наполи, очекувам голови и неизвесен двомеч, со мала предност за сините.

Медрано - Барселона - Изгледа ќе треба да одиме по трнливиот пат до ѕвездите. Па да, заборавив, ние не сме Реал Мадрид. Првенство земено со еден куп судиски "грешки", покажување сила на Гранада, Сарагоса и Осасуна, а во ЛШ, помини си ги АПОЕЛ и ЦСКА и оп!!! Финале!!! И после Муци бил голем. Туку тоа е друга тема. Да се вратиме на Милан. Ако е како во група, ќе биде "мачји кашаљ". Да потсетиме. 2-2 на Ноу Камп со два шута на Милан и победа од 3-2 на Сан Сиро која изгледаше како Барса да си игра фудбал кога сака и како сака. Мислам дека Милан е од оние тимови кои ги будат мотивите кај Каталонците, Меси, Чави, Иниеста посебно, а може да се истакне и Алексис, кој лани во Удинезе им ја полнеше мрежата. Плус ова е ЛШ. Тука Барса е најмоќна и во сиот свој раскош. Мислам дека жабарите ни се плашат и тоа плашење со нозе тресење. Ќе видиме. Пеп не ги посакуваше. Очекувам забава и возбуда, како што тоа е секогаш случај со Барса.

1 comment:

  1. Муци со најголема среќа,но во јавноста веќе излезе со изјава дека Баерн може секого да победи во ЛШ.Тој како да чувствува дека следен противник може токму Баерн да биде,ако се земе фактот дека Олимпик иако со несомнен квалитет ќе потклекне пред Германците.Токму посакуван противник за БокиТип беше Олимпик и сметам дека може да се помине.Можеби Муци си остава место од евентуален пораз во полуфинале од Баварците со таа изјава....
    Бенфика-Челзи ќе биде екстра за гледање,а и мислам ќе има доста голови.Ќе се игра кецот во Лисабон.
    Медрано нема што да бара со Барса....Милан има одлична екипа,но само за во Италијанското калчо.Мислам дека би изгубил и од Баерн,Бенфика,Реал....Но тоа е тим од самиот врв во Европа и светов,па ќе има возбуди,а голови сигурно...0-0 неможе да заврши ниту еден од двата натпревари.Моја желба е Баерн-Барса финале,па се знае за кого ќе навивам.

    ReplyDelete