Tuesday, October 23, 2012

Тип 15-мин пред почеток...

Бате-Валенсија ГГ , 2
Лил-Баерн 2
Сендвич-Јуве ГГ
Шахтјор-Челзи ПП X , 2+ ВП
Барса-Селтик 4+
Галатасарај-Клуж ГГ
Ферги-Брага 1

Кој ли ќе ја забошоти вечерва???
Ќе ми се дозволи уште еднаш да им ебам се по список на МТВ и Т-Мобиле.


Sunday, October 21, 2012

Шоу на Риазор

Со Барса забавата е секогаш загарантирана. Кога водат три-четири нула, тогаш имате спектакуларен фудбал, ослободен од стегите на резултатската неизвесност. Јас на пример, најмногу сакам тогаш да ги гледам. Кога многу луѓе го менуваат каналот поради сигурната победа. Ама Гоки ја дише Барса. Знае дека ни тогаш ништо не е завршено.

Старата болка уште од времето на Пеп, опуштањето, ровари низ тимот како реума кај 70-годишна баба. Нема лек, нема ап за такво нешто. Едноставно тоа е природна состојба. Кога чувствуваш дека си 10 пати помоќен, мозокот речиси еволуциски запира и вика стоп. Relax.

Како поинаку да се објасни вчерашната класика против Ла Коруња? Тим од кој останало само името и кој е сериозен кандидат за испаѓање. Овој терен е незгодно гостување сепак. Прашајте го Реал, а богами и трчај Ники. Леташе низ населба да ја уплати двојката на сингл за Мадриѓани. Резултат? 3-0.

Коментаторот на Скај ќе рече:

"Нема да видите тим кој толку доминира на цел натпревар, а пред крај пак да не е сигурен во победата". Хмммм...Звучи ѓаолски познато...

Значи да почнеме. Барса истрчува во своите психоделични гостински дресови. Се чувствува расположеноста за игра кај нив. Се игра третата минута, а Ла Коруња уште не се состанале со топката. Фабре, асистенција број еден за Алба:



8-минута. Се уште Барса игра во еден здив, а домаќините ја бркаат ли бркаат топката. Меси за Тељо:



 Супер. Тешкото гостување сепак може нема да биде толку тешко. Расположени се овие.

18-минута. Фабре, асистенција број два, за Меси. Чиста хемија на терен:

     

Тоа мора да е тоа. Дај рутински да приведеме до крај, паника е кај Ла Коруња да не примат уште три до крај на прво, не чека Лига на Шампиони, а и Меси имал патешествија да стигне за утакмицава (играа со Чилевци). Тој уствари не требаше ни да игра. Атмосферата на Риазор штама. Се слушаат извиците на тренерите.

Но не. Мозокот стапува на сила. А кога е ТОЈ во прашање, тука нема зошто и како.

Да го спомнеме и судијата. Ех такво чоече немам видено. Некои наши коментатори знаеја да речат - како да сака да биде во центарот на вниманието. Па подобро сликај се со Меси после утакмица лудаку еден! (како што направи на полувреме линискиот судија на Чиле - Аргентина). "Извини Меси, може ли да се сликаме додека одиш накај соблекувална?". Хаос.

Настанот кој го овозможи овој циркус се случи во 26-та минута. Од моментот кога чоечето свирна пенал, се знаеше дека следува меч за аналите:



Домаќините се охрабрени од сознанието дека нема да се посрамат. 1-3 е, зошто да не играме? Ако падне уште еден гол, се е можно. Следува корнер во 37-та минута. На сцена стапува Валдес:



Што да му кажеш после ова? Нити му е прв пат, ниту последен. Викаат дека голманот е добар колку твоите центархалфови и обратно. Барса мака мачи да состави задна линија. Шачира и Пуки се повредени. Абидал исто. Алвес суспендиран, а и сезонава како да не му се игра. Време му е за Сити или ПСЖ. Барса уставри секоја утакмица игра со 10 везни играчи. 

Тука Барсиното колективно јас си вика, чекај, дај бе играјте, не е ова се завршено. И нормално. Фабре, асистенција број три за Меси. Феноменот игра и со другата нога. Вака Марадона не можеше да шутне со десна.



Полувреме и здивнување.

Ма какви! Второ не беше уште ни почнато:



Да не му одземеме ништо од убавиот удар на Пици. Но анализите на Скај покажаа дека и овој гол може да се припише на Валдес. Во негов агол е, а тој проба да прочита каде ќе оди топката. И не успеа. Ах Мачка, Мачка...

На стадион гори. Јас искрено немам слушнато такво гласно и интензивно навивање во Шпанија. Цел стадион урла.

Не поминаа ни две минути, чоечето во црно стапува на сцена. Втор жолт за Маскерано. Зошто? Децата викаат - за да прашаш:



 Овде немаше ни Ф од фаул, а камоли жолт, а камоли исклучување. Значи ова не го збори Гоки, туку тројца коментатори и аналитичари на Скај. Се изнасмеаја. Ситуацијата се смени за 360 степени. Од 2-4 и сигурна игра, до 3-4 и играч повеќе, сето тоа за пет минути од второ. Од Риазор, ако го гледаш од надвор, оган се блуе.

Што сега? Со десет игравме и на Сантијаго Бернабе и имавме посед на топка. Ајде сега нагази ја, велат инструкциите од клупата. Влегува Чави. Тито бара контрола. Дваесет минути Ла Коруња не се составува со топка. Барса игра со неа, со десет играчи на гости, не кај третолигаш, туку кај Депортиво. Стадионот не престанува да пее и покрај се. Се редат шанси за Каталонците. Педро - брзата птица итрица, еден на еден со голманот, Меси во статива од слободен удар. Се бара петтиот гол. И доаѓа во 77-минута. Меси лудило:



За мене излишни се споредбите со Роналдо. Лео е еден и единствен, најдобар во историјата. Стварно треба да се измислат нови зборови да се опише неговата игра. Значи она, немал светска титула со Аргентина, не ми значи ама баш ништо.     

И тука веројатно е крајот на на утакмицава зарем не?

И тоа како НЕ!!!. Колективното јас си го прави своето и си вика: ОПУШТАЊЕЕЕЕЕ!!!! ЈУПИИИИ!!!!

Наредниот напад. Психолозите тешко ќе можат да одгатнат што му се случуваше во главата на Жорди Алба:



За чисто наредните 15 минути да имаат гледачите што да гледаат, да се забавуваат сите. До крај машки се издржа.

Ете тоа е Барса. Шоу за сите.

Wednesday, October 17, 2012

Хитлер дознава дека Македонија ја победила Србија


На оваа тема, со овој клип, има безброј импровизации. Но оваа е една од најдобрите.

Фаворит реплика: сите кои играле 1, 1x или x нека излезат од соба :-)) 


Sunday, October 14, 2012

Сан Марино

Еве вака англиската телевизија (најверојатно Скај Спортс) го пренесе кајронот со играчите на Сан Марино пред почетокот на мечот со Англија. Бидејќи неможат да пишат кој каде игра, шегобијните Англичани се решија за ова. Тука имате различни професии:

Кај нас добро би било Величе дрварот

Tuesday, October 2, 2012

БокиТип ЛШ

Навидум лесни парови, но ЛШ не е ЛШ ако некој не направи чорба....
БокиТип без уплата !!!
Сендвичи-Челзи 2
Јувентус-Шахтјор 1, ГГ
Бате го изеде стапот 2
Валенсија ќе лечи комплекси против Лил 1
Бенфика-Барса Сигурно екстра натпревар за гледање, но МТВ шупаците нема да го даваат ГГ
Кљуж-Ферги 2
Галатасарај-Брага X, 2-3



Monday, October 1, 2012

Вердер-Баерн 0-2

Старото има право...се се знае веќе, немам намера да се повторувам....Едноставно газат, треба да се игра Баерн посебно во лига на шампиони, можеби се наљутени од минатото финале, па се решени да зимаат пехар годинава по секоја цена.

Шура ти ли си???

Следејќи ја нашава тифо сцена до сега немав забележано дека некој ги навредува Битолчани преку зелената боја, односно поврзаноста со Бугарското знаме. Сите досегашни навреди одеа во стилот сељачишта, сестрите.... незнам што....
Приметувам откако го пишав коментарот на ФБ на официјалната страна на Вардар и Комити, а поврзан со зелената боја и Бугарите, почнаа една плева навреди поврзани со бојата. Сега нејќам да верувам дека јас сум на некој начин иницијатор или некој предводник на истото, но искрено до сега немаше такви будалаштини. Ако е навистина така, ептен ми е криво од проста причина што навредата нема врска со никаква поврзаност на Битолчани со татарите и од друга страна бидејќи ги почитувам Чкембарите како навивачка групација. А можеби и на некој друг ќе му текнеше подбуцнување со истата причина порано или подоцна, кој знае?
Од нивна страна веќе виденото и чуено навредување поврзано со киселите, којшто ги врие во Скопје на секој чекор. Но реалноста е навистина таа.
За БокиТип највпечатлива гачка беше "ШУРА ТИ ЛИ СИ?".....
А бидејќе Чкембарите славеа 27 години од постоењето, еве како им беше возвратено-исто така многу јака гачка....
Среќен роденден-дојдете да ја дувнете свеќата !!!
Се на се на нашава смешна лига, ова дерби е класичен врв и доживување кое не се пропушта по никоја цена.
Вардар-Пелистер 3-1  30.09.2012
Секоја чест за Чкембари, дојдоа во огромен број за наши прилики. Се гледа веднаш дека и они се гладни за фудбал, дерби, провод и адреналин.

За крај една парола, но со помешана реалност. Меѓутоа тоа е МКД, тука се е можно на секое поле, затоа и истото се случи. Ќе се сложам со Вочко дека требаше Вардар да си прележи една сезона во втората МКД лига исто како и Пелистер, а во исто време ќе имавме повторно дерби во континуитет. Меѓутоа повторно ќе пишам тоа е тоа, а сите знаеме дека истото се стори од град Скопје за политички поени, а всушност се наруши едно нормално фудбалско правило.