Не стигна. Се покажа дека сепак не е сеедно кој седи на клупата на Барса и дали некој воопшто има таму. Роура дефинитивно не е тренер за големи натпревари, а ваков клуб не смее да си дозволи да биде три месеци без прв човек. Но здравјето пред се.
Барса анемична како и против Милан и Севиља. Против Италијаните мислев дека е лош ден, но кога ги гледав против Севиља, сфатив дека ова ќе продолжи и дека не било баш до лошиот ден. Сосема заслужен пораз, иако и врапчињата знаеја дека Реал ќе игра на контри и брзи транзиции преку Роналдо и Ди Марија. Од натпревар во натпревар Каталонците играат се послабо и послабо. Меси паѓа во формата, единствен кој е на ниво е Иниеста и Жорди Алба. Одбраната е посебна приказна. Фури од сите страни. Барса прими барем по еден гол на 12-тиот меч по ред, што сигурно е некој рекорд. Пујол има 100 години, Пике се движи од плус во минус, но далеку е од формата пред две - три сезони. Алвес кур го боли, време е за промени. Фабрегас е посебна приказна. На Педро му требаат десет шанси да даде гол. Виља на го играат, а Алексис не беше ни на клупа вечерва. Нападот статичен, без никаква воља. Зошто не се стават во игра еден Тијаго, Монтоја во одбраната, па и Тељо во нападот, кој е агилен и брз? Реал го извади 19-годишниот Варан, кој прераснува во нов Фернандо Иеро.
Се покажа дека џабе се телефонските врски со Њујорк и Тито, Роура нема тренерски инстинкт. Се покажа дека Муци е еден менаџерски див пред се. Истите овие играчи го победија Реал 5-0. Во последните седум класика, Барса има само една победа. Е како полека, полека Муци ја сврте работата. И тоа само со еден играч - Роналдо. Овие другиве само му се подредени во негова служба, за разлика од Барса, која ги има и Меси и Иниеста и Чави, па и играчки еден на еден се поквалитетни од Мадрид. Ама тоа е. Овој знае да ги направи машинерија.
Се шушкаше дека Пеп си отишол летоска поради несогласувањата со Зубизарета и Росељ. Наводно, сакал да се ослободи од Пике, Алвес и Фабрегас, на што овие двајца се спротиставиле. Тоа демек било причината за раскинувањето на договорот. Ако било така, тогаш Пеп бил во право. Сега потврда на приказнава е и тоа што во Барселона главна тема е дека Гвардиола токму овие играчи ги шпионирал, со цел да види што прават, какви им се навиките итн. Не беше тајна дека Пеп влезе во конфликт со Пике на крајот на сезоната, дури и не го ставаше да игра едно време.
Сето ова во Мадрид го знаеја, што им ја носи потребната самодоверба. Во недела Барса ќе биде на +13 во првенство, односно ќе забележи уште еден пораз во Класико, а Господ напомош нека е со Милан.
Инаку за крај. Уште кога се дозна дека Ундианко Маљенко ќе го суди реваншот, се појавија црни облаци на сомнеж кај фановите. Не дека тој е крив за поразот, но фактите говорат сами по себе: Процентот на порази на Барселона од последните 288 натпревари изнесува 8%, но кога судија е Ундиано Маљенко, тој се искачува на 21% (3 од 14).
Последното контровезно Ел Класико, во кое овој судија стана омразен кај навивачите на Барса беше она во финалето на Купот на Кралот во 2011., кога Барса по продолженијата изгуби со 1-0 од Реал, каде што Барса беше сериозно ограбена од овој судија. Единствениот пораз годинава во првенството (Сосиедад 3-2), го судеше Маљенко. Тоа ви е како Гоце Попев да суди Звезда - Партизан. Пенал постоеше над Роналдо, но има и судии кои не би го свирнале. После тоа имаше и сомнителна ситуација над Педро па судијата остана нем. Но тука се и грешките од првиот меч, кога Роналдо требаше да добие втор жолт и да не игра на реваншот, но судијата немаше срце.
Последното контровезно Ел Класико, во кое овој судија стана омразен кај навивачите на Барса беше она во финалето на Купот на Кралот во 2011., кога Барса по продолженијата изгуби со 1-0 од Реал, каде што Барса беше сериозно ограбена од овој судија. Единствениот пораз годинава во првенството (Сосиедад 3-2), го судеше Маљенко. Тоа ви е како Гоце Попев да суди Звезда - Партизан. Пенал постоеше над Роналдо, но има и судии кои не би го свирнале. После тоа имаше и сомнителна ситуација над Педро па судијата остана нем. Но тука се и грешките од првиот меч, кога Роналдо требаше да добие втор жолт и да не игра на реваншот, но судијата немаше срце.
Да сумираме, Реал беше подобар од Барса денеска на Камп Ноу. Брод без капетан сепак не го бива. Но, уште две титули се во игра. Сезоната и покрај неуспесите со Реал може да биде спасена.








