Wednesday, December 19, 2012

Напред Тито!


После сонце доаѓа дожд и обратно. Прво, Меси, Чави у Пуки потишаа нови договори. Малку подоцна, беше објавено дека Абидал добил зелено светло пак да игра. Се се редеше како што треба. Тоа беше еден од најдобите денови на Барселона во последно време. Денеска, меѓутоа, беше еден од најлошите.

Барселона ја потресе уште една, овојпат негативна информација.

Канцерот на Тито од кој беше успешно опериран лани, се вратил. Се вратила лошотијата. Се уште не се знае дали ќе се повлече од позицијата или тоа ќе биде само привремено. Новата операција е закажана за утре, а хемотерапијата ќе трае околу шест недели. Следува мачна и тешка борба. На Тито му посакуваме побрзо заздравување и да ги доживее годините на својот југословенски имењак.

Јас сериозно почнувам да мислам дека тој е подобар тренер од Гвардиола, ако ништо друго, нијанси ги разликуваат.

Tuesday, December 18, 2012

Верност


Без многу помпа и дрвење, нови договори денеска си потишаа:



како малишани:


Monday, December 17, 2012

Временска прогноза


За наредните денови се очекува прилично затоплување на времето, скалата на термометарот ќе достигне до +13 степени, инаку температура позната како Реал Мадрид :-)))


Од една поинаква перспектива


Евроголот на Адриано. Можеби клучен за понатамошниот тек на натпреварот.



Тоа се тие скапи седишта. Еден ден и Гоки тука ќе се нацрта.

Thursday, December 13, 2012

Флирт со Топчиите


"Вие сте мојот прв избор во Англија"

Ваква бомба им фрли Пеп на челниците на Арсенал, неговите навивачи и на Арсен Венгер. Па нормално, ако некој има стил на игра и е сличен како Барса тоа е Арсенал. Таму Гвардиола гледа најдобра почва за продолжување на својата плодна кариера. Зошто да не, Арсенал нема трофеј седум години, трпението на навивачите се тенчи, а ова се е објавено по поразот на Арсенал од четвртолигашот Брадфорд во Капитал купот (стар Карлинг - "по нашки").

Иако Управниот одбор на Топчиите ОДМА се огласи дека немаат намера да го сменат Венгер, тие сега сигурно мораат дебело да размислат. Тешко ќе им е сега. Тоа како сама да ти се нуди млада, суперзгодна пичица во подем која сите ја посакуваат, некоја која е незамисливо да ја одбиеш, а од друга страна убаво ти е и со жена ти, со која си во брак 100 години, ама не би било лошо малку да се променат работите, да се протресат. Може Питер Хил-Вуд (претседателот), го трља на Венгер, ама навивачите бараат парче сребро во витрините.

Оние гласини за Пеп во Баерн глатко би ги отфрлил бидејќи тука едноставно нема хемија, тоа е незамисливо. Тоа го потврди и Оли Кан, кој рече дека мисијата "Гвардиола во Баерн" нема баш да биде добра идеја.

Пеп во Арсенал??? Хммм, добро би било тоа да се види. Звучи логично. Венгер во Реал Мадрид можеби? Муци во Сити можеби? Манчини во Милан можеби? Марк "Цапар" Хјуз во Челтенам можеби?

Летото ќе биде интересно

Tuesday, December 11, 2012

Нема веќе малери

Значи до головите било




Германија четврта лига
Hannover (Am) - Holsten Kiel 3+ @ 1.7 (2-3)
Дерби на две екипи во форма
Полска прва лига
Polonia - Pogon 0-2 @ 1.75 (2-0)
Пољаците знаеле тврдо да одиграат
Аргентина втора лига
Rosario - Instituto 0-2 @ 1.6 (1-0)
Ќе си речеш Аргентинци се, ама и они тврдо
Португалија
Sporting - Benfica GG @ 1.8 (1-3)
Логичен след на работите

 

Monday, December 10, 2012

Царе!


Да живееш во негово време, ех, која привилегија. За мене најдобар на сите времиња. Не поради друго, туку поради константноста, скромноста...

Се готви и четвртата Златна топка, а како што рече и Кројф, ќе има уште многу.