Friday, July 30, 2010

Оригинално

На Васизор се наоѓале духовити и оригинални прослави на гол. По објавувањето на најдобриот пенал, следува и најдобрата прослава на гол:



П.С. Најнова вест. Цапарот стана тренер на Фулам - како што точно се предвидуваше. Ќе се бркет нулите со него.

Кој го тоа...

Стариот ја погоди работата. И другпат Градски (мислам дека за мене секогаш ќе си остане Градски - стариот, добар) бил нашминкан, ама ова што го видовме денеска се граничи со перверзија и изопаченост. Се слушаа муви и понекоја вувузела, но ниеднаш, повторувам НИЕДНАШ не се чу Работнички или Македонија од трибините, аплауз или нешто слично (освен УА за Киријакос кога ќе ја допреше топката, кутриот, не верувам дека знае зошто му свиреа), а по 0-2 во 60 минута трибините полека почнаа да се празнат. Невидена работа.

Гоки инаку нешто ситно закачи, за поголем елан и поопуштени ливчиња:
Maribor - Hibernian 1 @ 1.9 (3-0)
Rabotnicki - Liverpool 0-2 @ 1.95 (0-2)
Syrianska - Osters 1 @ 1.55 - odlozen
Elfsborg - Teteks 1 @ 1.25 (5-0)

Monday, July 26, 2010

Безобразлук

Шпанија моментално владее со светот на спортски план. Доминира скоро во сите важни спортови. За таква супериорност, потребно е уште од мали нозе децата да се насочуваат правилно, план и систем на работа со младите категории. Покрај сениорите, младите Шпанци до 19 години доминираат и на Европското првенство. Да не должам, ове е пеналот што го изведе играчот на Бетис, Калвенте. Веќе на големо се дебатира дали е најдобриот пенал некогаш изведен. За мене нема дилеми. Број 1 на сите времиња:

И по освежувањето...


...веднаш следува добивка:

Бразил првенство
Internacional - Flamengo 1 @ 1.85 (1-0)
Пријателска
New York - Manchester City GG @ 1.55 (2-1)
Безбол палки
NY Yankees - Kansas City 1 @ 1.35 (12-6)
Chicago Cubs - St. Louis Cardinals 2 @ 1.8 (3-4)

Sunday, July 25, 2010

Освежување


Жештинава да помине и да почнат првенствата е потребно за да се разбуди Васизор од летниот Јулски сон.....

Thursday, July 22, 2010

Онака

Освежување е требно. Некако не оди во последно време. Жешки јулски денови. И Васизор е на одмор по Светското...

Monday, July 12, 2010

Шпанија, заслужено

Со интересна и цврста утакмица меѓу Холандија и Шпанија, заврши Мундијалот. Светот го доби својот фудбалски крал. Црвената фурија владее на фудбалската мапа, заслужено. Со костур на играчи од Барса, со истата филозофија на игра, фудбалот повторно победува. Ваква генерација се раѓа еднаш на 100 години. И кој друг да го круниса триумфот. Don Andres - нашето златно дете. Плус, има некој мерак е да гледаш како Мадриѓани навиваат за наши играчи.

Wednesday, July 7, 2010

Плин

Тенис Шевенинген
Munoz - Vanek 1 @ 1.5 (62 63)
Тенис Сан Бенедето
Ramos - Brizzi 1 @ 1.4 (76 67 60)
МЛБ Безбол
Detroit - Baltimore 1 @ 1.55 (7-5)
Светско
Uruguay - Holland 2 @ 1.7

Tuesday, July 6, 2010

Вардар - Добрушево на Градски

Најверојатно, се остварува најлошото сценарио за Вардар. Третата лига и дуелите со Превалец, Добрушево и Бабуна полека, но сигурно, стануваат реалност. Жално што сиве овие години не се изнајде начин како да се спаси македонската некогашна гордост. Можеби вака и треба. Да се почне од нула.

Sunday, July 4, 2010

Германско освежување


Ќе им треба пред натпреварот со Шпанија.Ако Шпанците мислам дека со пресликаната игра на Барселона ќе постигнат нешто се лажат.Ништо не покажаа,слаби се....
Боки веќе кажа дека ако некој го плаши,тоа е Холандија.
И Дел Боске знае дека ако не ја изиграат конечно како што треба,ќе го изедат како мали деца...нема повеќе вадење.

Friday, July 2, 2010

Портокаловите триаголници

Криво ми е за Азамоа,несакам никогаш да се најдам во негова кожа.Наместо јунак и споменици на секаде,стана трагичар.На самиот старт имав симпатии кон Уругвај,бидејќи сакав да се сретнат со Бразил,но откако Бразил го окрка стапот.....но тоа е.
Мислам Холандија е веќе во финалето и ако е коефициент околу 2,се става 500-че против Уругвај.Чим му земаа мерка на Бразил,ќе земат и на Уругвај.
Туку утре ќе биде шоуто на Мулеровци......
Боки типува на ГГ....а кој ќе оди понатаму никој незнае.
Германчиштата ќе треба да нападнат со сите сили од самиот старт,без никаков респект.А ако се помине Аргентина,најмалку Боки се плаши од напумпаните Шпанци.
Холандија му е мајката изгледа,се некако портокалови триаголници низ главава ми се мотаат,ако освојат секако ќе биде заслужено.
Сега ќе стиснам на портокаловото копче "publish post" :)

Одиме

Почнува четвртфиналето,па Боки мисли дека ќе гледаме супер фудбал и ќе има секако голови.Па еве тип за денешниот ден....
Холандија-Бразил....x (тука ништо не се знае,мислам ќе играат претпазливо,но ќе има убави акции.Што да се каже......1-1,2-2,јас сепак сум за Холандија).
Уругвај-Гана.....1 (им давам мала предност на Уругвај,знаат да играат фудбал и нема да биде чудно ако постигнат 2-3 гола.Тим кој игра комплетен фудбал,напаѓа од секоја позиција...Црнциве се доста стабилни,имаат и добри индивидуалци,но мислам дека тука ќе им биде крајот.Уругвај како да се враќа во самиот врв....2-1,3-1,3-2...).