
Прво мора да се спомене чистиот гол на Англија и неговото непризнавање.Сега ќе има многу полемики кој според мене не се потребни бидејќи очигледно и многу убедливо се виде уште од при првиот шут дека топката влезе.Тогаш на Боки му се стемни,но мислам допрва ќе им се стемни на судиите кој го водеа натпреварот кој беше далеку коректен.Нема што да се пишува повеќе-чист гол,Англија оштетена.
Инаку ме изненадија посебно Германците кој уште од самиот старт,без многу тактика и калкулации нападнаа и знаеја што сакаат,јас помислив ќе се започне со голема внимателност.Но веднаш се увиде дека имаа чувство за разнишаната Англија,која рака на срце не постигна буквално ништо,имаа иницијатива,создадоа и неколку шанси,но недоволно.Англиската ефикасност подклекна или слободно може да се каже дека Нојер заблеска на голот на Швабите.Секоја чест за Нојер одбрани или спаси 2 чисти гола со прекрасни рефлексни одбрани.Може да се каже дека е и најзаслужен,додека се кршеше резултатот,кога Англичаните имаа каква-таква иницијатива,па резултатот благодарение на него остана непроменет.Направи само еден кикс при единствениот гол на Англија,кога несигурно "леташе".
Прекрасно беше денеска да си навивач на Швабите,колку само сигурно,со едноставна игра по земја и многу комбинации,со сигурни високи топки и солидно цврста одбрана успеаа.Излегоа комплетно подготвени,дури и Лев свати дека ова е фудбал,а не манекенска писта,па целосно концентрирано следеше се што се случува,не обрнувајќи внимание на големиот монитор на врвот.Можеби дека Англија беше во прашање.Сега се прашувам како ќе се однесува со Марадона покрај него.
Но драги Васизорци и Васизорки.........знаете ли што е меракот.
Меракот е упатен кон кого друг ако не кон 20-годишното Муле.Мулето како така,со шпиц,со полу нога,полу глава со на моменти изгубено трчање по росната трева и незнам уште кој брљавштини......ПОСТИГНА не еден,туку два гола.Имаше и посебно радување,како дете кога ќе добие пакетче за нова година.И секоја чест за него,БРАВО Милер,покажа дека не за џабе го носи Германскиот дрес,дека секако придонесува,дури и да не игра со топка.Можеби тоа е неговата најдобра партија,кога беше најпотребно.Мислам тој лик допрва ќе ни носи благи насмевки на лицето.
Озел,леле лелее човекот не се заебава,игра,нема за него изгубена топка,врвен фудбалер,кој заедно со Швајни беа неприкосновени во средината.Добро е што секој може да постигне гол кај Германците,нема некоја посебна тежина кај некого,која ќе го притиска и ќе мисли дека токму од него се очекува и мора да постигне гол.Сите се редат по теренот,сите напаѓаат и имаат шанса да се запишат во тефтерот со постигнати голови.
Сега се понатаму мислам ќе биде уште поголемо уживање и ако Германија продолжи вака со стандардна игра без многу мислење кој им е противник и со голема доверба во своите можности,може да стигнат и до финале.Но следната пречка е МАРАДОНА.
Па момци со среќа,еве ви можност за собирање на искуство и самодокажување.Камо Боки да е во ваша кожа,ќе го прегазам малиот МАРАДОНА покрај аут линијата.