Saturday, December 31, 2011

Friday, December 30, 2011

FAIL на годината


по освојувањето на Купот на Шпанија, Рамос го испушта трофејот под автобус
FAIL

Monday, December 26, 2011

Се чекаше од саботата

Шкотска четврта лига
Queen's Park - East Stirling 1 @ 1.45 (2-0)
нема играчки со кралицата
НФЛ
Cincinnati - Arizona under 40,5 @ 1.9 (23-16)
Seattle - San Francisco under 38,5 (17-19)

близу, многу близу
Англија првенство
Manchester Utd - Wigan 1 handicap @ 1.45 (5-0)
Џваки се враќа на голема врата

Monday, December 19, 2011

Врнат добитни ливчиња на Васизор

трето по ред

Португалија првенство
Olhanense - Braga 2 @ 2.05 (3-4)
Кој можеше да се надева на двојка по 2-0 прво полувреме? Секаде коефициент до 1.85, Копачка се охрабри да даде 2.05
Романија првенство
Steaua - Sibiu 1 @ 1.3 (1-0)
Романците скоро никогаш на тикет, ама за овие гостиве првпат слушам
Холандија втора лига
Almere - Eindhoven GG & 3+ @ 1.95 (1-3)
секогаш ефикасни и отворени
Кипар првенство
APOEL - AEK Larnaca 1 @ 1.4 (3-0)
Хет трик на Тричко комши

Champions of the fucking world

ОЛЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!


АЈДЕ, ЕДЕН ДЕН МОЖЕ И ЌЕ МЕ СТИГНЕШ


КАДЕ НИ Е КРАЈОТ?


КАКО НАЈДОБАР ИГРАЧ НА МЕЧОТ, СИ ДОБИВ НОВА КОЛА(СЕ СЕЌАВАМ НА ВРЕМЕТО ЈА ДОБИ ЈУГОВИЌ)


РИНГЕ, РИНГЕ ЈАЈА, КАДЕ Е ЧИКА МУЦИ?


СЛЕДНО - ИНТЕРПЛАНЕТАРЕН МЕЧ

Да се зачести....


Едно попладне во Кисела Вода со многу шанси.....

Saturday, December 17, 2011

Добивки, добивки

сабота

Sevilla - Real Madrid 2-2 @ 2.20 (0-3; 2-6)
Milan - Siena 1 @ 1.35 (2-0)
250 ден = 742 ден

петок

Турција првенство
Orduspor - Galatasaray 2 @ 2 (0-2)
Се е во знакот на двојката
Франција трета лига
Niort - Quevilly 1 @ 1.45 (2-0)
во последен момент се стави наместо Седан (0-0)
Франција кошарка
Paris - Strasbourg 1 @ 1.4 (80-77)
Тесно, но заслужено. Гостите ниеднаш не беа во водство
Германија првенство
Bayern - Koln 1 @ 1.3 (3-0)
Со 10 играчи им начукаа три парчиња. Само Копачка може да ти даде 1.3 за ова
Шпанија првенство
Sevilla - Real Madrid 2 @ 1.5 (2-6)
Да не се залажуваме. Само Барса може да ги победи.
60 ден = 475 ден

Friday, December 16, 2011

Неповрзано со спортот


the one and only

Осминафинале

Како што е редот секоја година на Васизор, да го проанализираме осминафиналето и ждребот од Лига Шампиони. Како никојпат досега, неатрактивни, но очигледно силни тимови успеаја да се најдат меѓу 16-те најдобри.

Лион - АПОЕЛ - Тричко комшијата ќе се докажува со Французите. Џабе ќе биде, Лион за гол повеќе ќе оди понатаму.
Наполи - Челзи - Па ние имаме двајца Македонци во осминафинале на ЛШ! Напред Гоче, за мене најатрактивна двојка.
Милан - Арсенал - Циркусот против Венгеровите бебиња. Импровизација против полетност. Пред три години Арсенал глатко си пројде против Милан, во истава фаза, очекувам победа на фудбалот.
Базел - Баерн - Базел добар, но тука нема изненадување. 1-2 во Швајцарија и 3-1 на Алианц арена.
Неверкузен - Барселона - тики така до четвртфинале
ЦСКА Москва - Реал Мадрид - Русите сепак, немаат капацитет
Зенит - Бенфика - Лига Европа, група. Ете тоа е паров. И двете екипи гледаат шанса за поминување понатаму.

Интересно: во Лига Европа се паднаа Манчестер Јунајтед - Ајакс и Манчестер Сити - Порто. Четирите третопласирани и изненада отпаднати екипи од ЛШ.

Thursday, December 15, 2011

Без пораз...


Со само 7 примени голови од 18 натпревари и без ниту еден пораз Вардар може да се пофали дека е помеѓу ретките тимови ширум Европа со импесивен скор на полусезона.Ефектот послем 18 одиграни натпревари е следниот 18 13 5 0 /31:7. Еве некој од тимовите кој статистичарите ги издвојуваат како најуспешни....Дебрецин и Шериф Тираспол се непоразени 17 кола,Динамо Киев има уште поимпресивен скор од 20 натпревари без пораз.Тука е информацијата и за старата дама,која е без пораз 14 кола,како и Порто и Бенфика 12 кола.Челзи го лизна Сити минатото коло и му го нанесе првиот пораз и го истера од ова друштво,како и Омонија која е поразена послем 12 кола.
Како што стојат работите и со веќе најавените засилувања Вардар би можел и има реални шанси да ја комплетира цела сезона без пораз и да остане на врвот на непоразените низ Европа.Епа со среќа напролет.....

Tuesday, December 13, 2011

.................


Табела со комплетни податоци за завршетокот на есенскиот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија......Годинава може да се брка и завршување на сезоната без пораз....

ТОАЛЕТ

Тука се е јасно,уште еден доказ за моќта на фотографијата.....
До каде се не води нивното ривалство.

Поклони се на кралот!

сликата кажува илјада зборови

Monday, December 12, 2011

Боки ис он д роуд агеин....


И така послем мислам 9 години пост,конечно Вардар ќе освои титула и ќе погледаме малку европски фудбал на Арената....Есенската титула е потврдена против Брегалница 3-0....Со среќа напролет......

Sunday, December 11, 2011

Статистички податок на денот

Жози е првиот тренер во историјата на Реал Мадрид кој не успеал да победи во четири последователни натпревари против Барса на домашен терен.

Да живее фудбалот!


Real Madrid - Barcelona 1-3

Saturday, December 3, 2011

Сабота ретко се зема, но...

Швајцарија првенство
Basel - Luzern 1 @ 1.5 (1-0)
Базел поуспешен во дербито
Англија Чемпионшип
Peterborough - Barnsley 3+ @ 1.5 (3-4)
Питерборо секогаш расположени за отворен фудбал
Италија првенство
Napoli - Lecce 1 @ 1.55 (4-2)
Гранде Пандев, Гранде Наполи
Кошарка Јадранска лига
Crvena Zvezda - Maccabi 2 @ 1.1 (76-83)
Макаби по освета во Пионир
Шпанија првенство
Gijon - Real Madrid 2 @ 1.25 (0-3)
ќе се видиме за седум дена

Friday, December 2, 2011

Бисерите на Пеле

Веќе никој не го зема за сериозно, а тој пак, само тресе и тресе зелени. Наместо да се стане посериозен и да размисли пред да каже нешто, Пеле и натаму продолжува да го привлекува вниманието на јавноста со непромислени изјави. Последната, Нејмар бил подобар од Меси. На ова веднаш реагираше неговиот најлут противник, Диего Армандо, кој му порача на 71-годишниот бразилец да не ги меша апчињата. Оние што му се за сабајле, да не ги зема навечер и обратно.
Дел од прогнозите на Пеле:

Кина 2002
Пеле: Кина ќе ја помине групната фаза на Светското првенство.
Исход: Кина заврши како последна во својата група, без ниту еден поен и без постигна гол.

Шпанија 1998
Пеле: Шпанија се фаворити на Светското првенство во Франција 1998
Исход: Шпанија беше елиминирана уште во првата фаза.

Колумбија 1994
Пеле: Колумбија ќе биде шампион на Светското првенство во САД 1994
Исход: Колумбија беше елиминирана уште во првата фаза откако заврши на последното место во групата. Дефанзивецот Андрес Ескобар беше убиен во Колумбија откако си постигна автогол.

Аргентина - Франција 2002
Пеле: Аргентина и Франција ќе играат во финалето на Светското првенство во 2002
Исход: Двете репрезентации беа елиминирани во првата фаза, а Франција не постигна ниту еден гол

Кариерата на Роналдо
Пеле: Кариерата на Роналдо е завршена по повредата во 2008-та година
Исход: Роналдо во март 2009-та година заигра за Коринтијанс и постигна 10 голови на првите 14 натпревари.

Африка
Пеле: Репрезентација од Африка ќе го освои Светското првенство до 2000-та година
Исход: 2011-та година завршува, а ниту една репрезентација од Африка не поминала четвртфинале на СП

Бразил 2002
Пеле: Бразил нема да ја помине првата фаза
Исход: Бразил го освои Светското првенство во 2002-та година

Thursday, December 1, 2011

Што се смени?

Измина точно една година откако Жози и неговите со наведнати глави го напуштија Ноу Камп. Петардата, или "La Manita", беше премногу понижувачка за Белите. Светот го славеше фудбалот, се восхитуваше на Барса. Точно една година потоа, работите стојат поинаку. Каталонците заостануваат шест бода зад Реал. Сигурно се прават сериозни анализи за тоа каде се греши, но Пеп и помошниците треба да ја прочитаат само оваа од Goal.com. Болно точно, необјасниво прецизно и едноставно.