Saturday, March 24, 2012

Е јеби га

Убаво мартовско сонце. Време и терен, идеални за игра. Гледачи - вообичаените маалски фаци плус понекој купус. Место на одигрување - Спортлајф, Спортлајф, шалтер број два.

- Добар ден.
- Добар ден.
- Да ве прашам нешто.
- Повели бе дечко, прашај.
- Примате ли покуќнина?
- Кхм, кхм (се закашлува од водата од која пие). Што, како?
- Прашувам, примате ли покуќнина? Мислам, како залог, наместо пари. Еве надвор чека камиончето.

Дечкото се врти накај своите колеги, кои воопшто не го пратат разговорот, уплаќајќи им ливчиња на загреаните обложувачи, сабота е, горат шалтери.

- Паааа, незнам - одговара збунето.
- Зошто ако примате, не е проблем, еве јас можам одма да почнам да растоварам, а телевизорот веднаш ќе го донесам.
- Не, не, чекај! Морам некого да прашам (го бара мобилниот, се уште збунето)
- Ај те молам, јави се каде што треба, види прашај. Оти носам вредни работи, шифоњери, гарнитура, фрижидер, шпорет...а плус, спремен сум и нешто паричка да оставам.
- Ама, не сум сигурен дека ќе може, еве и раководителот на сменава треба да праша кај шефот, ама изгледа нема да може.
- Ајде, ќе почека камиончето, не е проблем.

После пет минути...

- Дечко жал ми е, ама само во кеш може да се кладиш.
- Пуууу, штета!!! Е јеби га...
- А, уствари, што сакаше да уплатиш, прашува дечкото, веќе соземен од збунката. На другарите вечер ќе има што да им раскажува.
- Реал и Загреб. Колку точно даваат коефициент?
- Хмммм, 1.15 и 1.25...тоа е точно 1.43.
- А гледам го имате Загреб и на супертип. Тоа е 1.35.
- Е да, ама за супертип треба да имаш барем четири пара на тикет.
- Добро тогаш, дај ми билтен, да уплатам едно обично ливче, еве, одма ќе ги пишам Ливерпул...





No comments:

Post a Comment