
За два дена, Барса во Сплит. Кај Хајдук, мојот најсимпатичен клуб од "големата четворка". Единствен од нив, а и воопшто редок случај, кој од самото основање го нема сменето името на клубот или претрпено мали варијации. Сплитските "Били" ќе ја имаат честа да бидат спаринг партнери на најдобрата екипа во историјата на играта и тоа на отворањето на сезоната. Што знаеш за Хрватска, го прашаа Пеп. "Знам дека морето е чисто како солза, а штом Prezidente (Сандро Росел) овде летува три години по ред, значи дека стварно е добро", одбруси тренерот. Инаку, чисто како занимливост, гостинскиот дрес на Хајдук, кој ги има истите бои како и каталонскиот, беше прогласен меѓу петте најубави за оваа сезона. Останатите четири се на Арсенал, Манчестер Сити, Лион и на ПСЖ, додека меѓу петте најлоши, едно место (мислам дека заслужено) и припаѓа на Барса. Штета што нема да бидеме на Пољуд, ќе се надеваме дека Партизан и оваа година ќе влезе во ЛШ и дека ќе ја има таа среќа да се падне со Каталонците во група. Нека почне сезоната!
No comments:
Post a Comment