Барселона изгледа дека е место со најголемите таленти во цел свет. Или пак, нејзините скаути знаат што сакаат и имаат око за селектирање на добри деца, што ми изгледа далеку поверојатно. Најновиот бисер - Тиаго Алкантара. Зборував за него од пред една година, но неговиот талент сега веќе е планетарно признат. Роден во Италија, пораснат во Шпанија, од спортска фамилија (татко - Мазињо, освојувач на Мунијалот со Бразил 1994 и мајка одбојкарка), Тиаго "врие" со спортски гени, кои најдобро ги покажува во La Masia (младинската школа на Барса). Значи, не станува збор за оние "таленти" кои сите ги најавуваат како идни Марадони, Месиевци и Пелевци, туку за веќе етаблиран играч, избрусен дијамант, кој понатаму само може да станува подобар и подобар. Неговата умешност и знаење со топката најдобро ги покажа со завршувањето на сезоната, освојувајќи ја европската титула со репрезентацијата на Шпанија под 21 година, а тотално блесна на Ауди купот, постигнувајќи три гола на два меча, од кои двата на Баерн во финалето беа ремек дела. Носејќи го дресот со број четири (од клубот претходно изјавија дека четворката ја чуваат за Цеск), се поставува прашањето дали Барселона ќе направи се за да го доведе Фабрегас кога веќе располага со ваков 20-годишен талент и дали со овој потег упатуваат порака дека всушност Фабрегас е тој што треба да гребе и цимоли за Барса, а не обратно? Арсенал беше сериозно заинтересиран за Тиаго, односно токму тој да биде вклучен во преминувањето на Фабре во Барса. Но, Каталонците јасно му покажаа на Венгер дека не ни помислуваат да го дадат Тиаго, потпишувајќи нов договор со него за наредните пет години. Како и да е, мислам дека Пеп ќе има слатки маки наредната година. Буквално со вториот тим, Барса си поигра среде Минхен во големиот Баерн. Церемонии!!!голот против Швајцарија во финалето на Европското под 21
двата гола во финалето со Баерн
голот против Интернационал во полуфиналето
вештините на Тиаго компилација
No comments:
Post a Comment