
Во ждребката за квалификациите за Светкото првенство во Бразил, Македонија доби тешка група. За прв пат сме во игра за последното, шесто место. Кој сега ликува најмногу? Па се знае! Легендарниот, најдобриот, неповторливиот, ма каков Муци, каков Пеп, тренерската големина МИКИ ЈОНУ!!!
"Ме избркавте? Еве ви сега...да ве видиме кое место ќе освоите без мене", мрмља Јону, заборавајќи дека неговите групи беа боза разредена, од третокласна слаткара. Еееее Мики, Мики...кромид еден...
Инаку, мене групата ми е баш по ќеф. Србија и Хрватска - екстра, Белгија - можеме ако сме сконцетрирани 90 минути, Велс, Шкотска - секогаш ме асоцира на поволен резултат за нас кога играме со островјаните.
No comments:
Post a Comment