Уште еден фудбалски волшебник на Ноу Камп - Ибракадабра! И официјално, да му посакаме добредојде, успешна и богата, со голови исполнета минутажа во дресот на Барса!"Пред неколку месеци му кажав на претседателот Морати: Ако кој било клуб е заинтересиран за мене, веднаш одбиј го. Единствениот клуб за кој тоа не важи е Барселона. Морати се согласи со тоа, а јас сум среќен што тој си го исполни зборот и сега сум во клубот во кој сакам да бидам. Исто така сум среќен што Интер доби играч како Ето. Јас не дојдов овдека да го заменам, тука сум да оставам сопствен печат. Да биде човек тука, тоа е како сон. Беше тешко во последниве неколку недели, но уште еднаш им се заблагодарувам на луѓето овде. Тука сум за да победам и ќе дадам се од себе да победам”, рече Ибрахимовиќ на официјалната презентација.
Ова е повод на Васизор да биде поставен, по моето скромно мислење, најубавиот гол на сите времиња (ова сум го тврдел отсекогаш). Значи, ни Пеле ни Меле, ни Марадона, ни Меси со Гетафе. Сум се изнагледал милијарда голови, но ова чудо би можел да го гледам нон-стоп и да се чудам. Уживајте:
No comments:
Post a Comment