На Васизор обично нема недобитни ливчиња, а кога има, тоа значи дека има приказна позади ливчето. Одам во Sport Life и ми викаат дечко утакмицава ти е стопирана. Стануваше збор за Малта - Албанија, кошарка жени, Медитерански игри. Играв на Малта кец хендикеп со -14. После две-три минутно мислење дали да наоѓам замена или не, се одлучив за безбол. Си испаднаа паровите, а Малта не само што не победи на хендикеп туку и изгуби. Си викам види среќа мајката. Безболот почнуваше ноќеска. Само што почна, 0-2. Па 0-4. Па 1-5. Кога си легнав беше повеќе од пола одиграна, а резултатот беше 1-9 за Бостон. Честито си реков и си легнав. Сабајлето пред да одам на работа си викам дај да видам како завршило, чисто резултатот ме интересираше. 11-10!!!!!!!! Не ми се верува!!!!!
Што се случува: Балтимор го руши рекордот на клубот од 1956 за најголем камбек, а поставува рекорд воопшто за најголем камбек на последнопласиран тим против првопласиран. Кога ќе се земе предвид дека играат од 19 век и секоја сезона секој клуб игра по 130 мечеви, тогаш може да се замисли каков пресврт е ова. Мислам дека аналогно на фудбалот, ова е како да водиш 0-4 до 70 минута и да изгубиш 5-4! Кога не било судено да се добие...

No comments:
Post a Comment