Sunday, July 26, 2009

Фала ти Сами!

Време е за разделба. Заминува третиот најдобар стрелец во историјата на Барса, откако освои скоро се што можеше да се освои. Осум трофеи: две титули Лига на шампиони, три лига титули, еден Куп и два Шпански Суперкупа.

Ето никогаш нема да биде заборавен, не само поради неговиот карактер, посветеност и енергија, туку и поради неговите голови, од кои многу се покажаа како одлучувачки. Посебно ќе ги паметиме неговите голови од двете финалиња на ЛШ, прво кога го израмни резултатот против Арсенал во Париз, а потоа и кога го отвори резултатот против Манчестер Јунајтед во овогодинашното финале. Ето дојде во Барса од Мајорка, во времето на Франк Рајкард. Не треба да се заборави дека тој беше всушност играч на Реал Мадрид, а тие никогаш нема да си простат што не го проценија добро и што го пуштија да си оди. Постигна 130 голови во 200 официјални мечеви. Редовен стартер, секогаш гладен за победа, со невиден победнички менталитет и силен карактер. Фала ти Самуел!

Сите негови натпревари и голови:

Лига: 145 меча / 108 гола

Лига на шампиони: 40 меча / 18 гола

Куп: 10 меча / 2 гола

Шпански суперкуп: 4 меча / 2 гола

Европски суперкуп: 1 меч / без гол

No comments:

Post a Comment