Пустото чилевче. Ги одигра последните минути во дресот на Барса. Ќе раскажува на внуците дека мал дел од кариерата поминал и во најдобриот тим во историјата. Неговиот пад во формата кулминираше вчера, кога пет пати излезе сам пред гол и пет пати или се сопнуваше или некако, не успеваше ниту да шутне. Па додади на тоа и пасови кои не беа наменети никому. Повеќе од јасно е дека го зафати "Торес синдромот", кој би требало комплетно да се проучува во учебниците по психологија. Жално беше да се гледа. Богами, не е лесно да ја носиш деветката на Барса.
А не беше се така. Кога дојде од Удинезе беше топ играч. Брз, агилен, динамичен, вреден, техничар, лева - десна. Се чинеше дека парите се правилно потрошени. И немаше лоша сезона да се разбереме. Но што му се случува сега, кој знае. Компилации со неговите промашувања веќе почнаа да се прават на You Tube. Јануарскиот трансфер рок заврши, нека оди на берза за на лето. Италија е супер дестинација, а Јуве веќе силно ја загриза мамката. По вчерашното негово фијаско денеска се појави и информација дека Џваки бил на "red alert" за него.
Штета.

No comments:
Post a Comment