Thursday, February 7, 2013

Светски прваци во пријателство


Што може да се заклучи од вчерашниот натпревар Македонија - Данска?


- За пријателски сме светски прваци. Зошто?

Поголемите репрезентации овие утакмици не ги сфаќаат сериозно, а уште помалку се мотивирани или едноставно, не им се игра. Посебно со екипи кои се таму, во втората половина од стотката на ФИФА рејтингот. Ние пак, правиме од секоја пријателска - финале.

- Токму дека е пријателска, нашите не чувствуваат притисок.

 Клучен фактор. Ги видовте вчера? Разлетани, разиграни, уште и финти им продаваат на Данците. Да беа ова квалификации, нозете ќе им се кочеа. Згора на се, нема публика. Незнае човек дали за подобро или полошо.

- Ни одговараат вакви репрезентации.

Секогаш сум зборел. СЕКОГАШ. Островски фудбал, Ирци, Велшани, Шкоти, па дури и Англија, понатаму, Данци, Норвежани, Швеѓани (без Босанци во екипа), Исланд, па Финци, Литванци, Естонци. Се е тоа БОСА НОГА. Ако ние природно не играме подобар фудбал од нив, незнам од кого друг би играле. Само треба физички да си подготвен.

- Сепак, дуваат нови ветришта.


Се препознава веќе квалитетот. Со вистинско опкружување (селектор, тренери, услови, ФФМ), оваа генерација може да дотурка до 30 место на ФИФА ранг листата, со потенцијал да победиме и некоја од топ 10, "од време на време". Пандев, Ибраими, Хасани, Попов, Даниел Георгиевски, младиот Давид Бабунски чие време допрва доаѓа, па и Тричко може една од десет ќе покаже нешто. Е сега тенки сме малку на голман, ама и таму може ќе се најде некое дете.  

No comments:

Post a Comment