"Вие сте мојот прв избор во Англија"
Ваква бомба им фрли Пеп на челниците на Арсенал, неговите навивачи и на Арсен Венгер. Па нормално, ако некој има стил на игра и е сличен како Барса тоа е Арсенал. Таму Гвардиола гледа најдобра почва за продолжување на својата плодна кариера. Зошто да не, Арсенал нема трофеј седум години, трпението на навивачите се тенчи, а ова се е објавено по поразот на Арсенал од четвртолигашот Брадфорд во Капитал купот (стар Карлинг - "по нашки").
Иако Управниот одбор на Топчиите ОДМА се огласи дека немаат намера да го сменат Венгер, тие сега сигурно мораат дебело да размислат. Тешко ќе им е сега. Тоа како сама да ти се нуди млада, суперзгодна пичица во подем која сите ја посакуваат, некоја која е незамисливо да ја одбиеш, а од друга страна убаво ти е и со жена ти, со која си во брак 100 години, ама не би било лошо малку да се променат работите, да се протресат. Може Питер Хил-Вуд (претседателот), го трља на Венгер, ама навивачите бараат парче сребро во витрините.
Оние гласини за Пеп во Баерн глатко би ги отфрлил бидејќи тука едноставно нема хемија, тоа е незамисливо. Тоа го потврди и Оли Кан, кој рече дека мисијата "Гвардиола во Баерн" нема баш да биде добра идеја.
Пеп во Арсенал??? Хммм, добро би било тоа да се види. Звучи логично. Венгер во Реал Мадрид можеби? Муци во Сити можеби? Манчини во Милан можеби? Марк "Цапар" Хјуз во Челтенам можеби?
Летото ќе биде интересно

No comments:
Post a Comment