Wednesday, December 19, 2012

Напред Тито!


После сонце доаѓа дожд и обратно. Прво, Меси, Чави у Пуки потишаа нови договори. Малку подоцна, беше објавено дека Абидал добил зелено светло пак да игра. Се се редеше како што треба. Тоа беше еден од најдобите денови на Барселона во последно време. Денеска, меѓутоа, беше еден од најлошите.

Барселона ја потресе уште една, овојпат негативна информација.

Канцерот на Тито од кој беше успешно опериран лани, се вратил. Се вратила лошотијата. Се уште не се знае дали ќе се повлече од позицијата или тоа ќе биде само привремено. Новата операција е закажана за утре, а хемотерапијата ќе трае околу шест недели. Следува мачна и тешка борба. На Тито му посакуваме побрзо заздравување и да ги доживее годините на својот југословенски имењак.

Јас сериозно почнувам да мислам дека тој е подобар тренер од Гвардиола, ако ништо друго, нијанси ги разликуваат.

No comments:

Post a Comment