Со Барса забавата е секогаш загарантирана. Кога водат три-четири нула, тогаш имате спектакуларен фудбал, ослободен од стегите на резултатската неизвесност. Јас на пример, најмногу сакам тогаш да ги гледам. Кога многу луѓе го менуваат каналот поради сигурната победа. Ама Гоки ја дише Барса. Знае дека ни тогаш ништо не е завршено.
Старата болка уште од времето на Пеп, опуштањето, ровари низ тимот како реума кај 70-годишна баба. Нема лек, нема ап за такво нешто. Едноставно тоа е природна состојба. Кога чувствуваш дека си 10 пати помоќен, мозокот речиси еволуциски запира и вика стоп. Relax.
Како поинаку да се објасни вчерашната класика против Ла Коруња? Тим од кој останало само името и кој е сериозен кандидат за испаѓање. Овој терен е незгодно гостување сепак. Прашајте го Реал, а богами и трчај Ники. Леташе низ населба да ја уплати двојката на сингл за Мадриѓани. Резултат? 3-0.
Коментаторот на Скај ќе рече:
"Нема да видите тим кој толку доминира на цел натпревар, а пред крај пак да не е сигурен во победата". Хмммм...Звучи ѓаолски познато...
Значи да почнеме. Барса истрчува во своите психоделични гостински дресови. Се чувствува расположеноста за игра кај нив. Се игра третата минута, а Ла Коруња уште не се состанале со топката. Фабре, асистенција број еден за Алба:
8-минута. Се уште Барса игра во еден здив, а домаќините ја бркаат ли бркаат топката. Меси за Тељо:
Супер. Тешкото гостување сепак може нема да биде толку тешко. Расположени се овие.
8-минута. Се уште Барса игра во еден здив, а домаќините ја бркаат ли бркаат топката. Меси за Тељо:
Супер. Тешкото гостување сепак може нема да биде толку тешко. Расположени се овие.
18-минута. Фабре, асистенција број два, за Меси. Чиста хемија на терен:
Тоа мора да е тоа. Дај рутински да приведеме до крај, паника е кај Ла Коруња да не примат уште три до крај на прво, не чека Лига на Шампиони, а и Меси имал патешествија да стигне за утакмицава (играа со Чилевци). Тој уствари не требаше ни да игра. Атмосферата на Риазор штама. Се слушаат извиците на тренерите.
Но не. Мозокот стапува на сила. А кога е ТОЈ во прашање, тука нема зошто и како.
Да го спомнеме и судијата. Ех такво чоече немам видено. Некои наши коментатори знаеја да речат - како да сака да биде во центарот на вниманието. Па подобро сликај се со Меси после утакмица лудаку еден! (како што направи на полувреме линискиот судија на Чиле - Аргентина). "Извини Меси, може ли да се сликаме додека одиш накај соблекувална?". Хаос.
Настанот кој го овозможи овој циркус се случи во 26-та минута. Од моментот кога чоечето свирна пенал, се знаеше дека следува меч за аналите:
Домаќините се охрабрени од сознанието дека нема да се посрамат. 1-3 е, зошто да не играме? Ако падне уште еден гол, се е можно. Следува корнер во 37-та минута. На сцена стапува Валдес:
Што да му кажеш после ова? Нити му е прв пат, ниту последен. Викаат дека голманот е добар колку твоите центархалфови и обратно. Барса мака мачи да состави задна линија. Шачира и Пуки се повредени. Абидал исто. Алвес суспендиран, а и сезонава како да не му се игра. Време му е за Сити или ПСЖ. Барса уставри секоја утакмица игра со 10 везни играчи.

Тука Барсиното колективно јас си вика, чекај, дај бе играјте, не е ова се завршено. И нормално. Фабре, асистенција број три за Меси. Феноменот игра и со другата нога. Вака Марадона не можеше да шутне со десна.
Полувреме и здивнување.
Полувреме и здивнување.
Ма какви! Второ не беше уште ни почнато:
Да не му одземеме ништо од убавиот удар на Пици. Но анализите на Скај покажаа дека и овој гол може да се припише на Валдес. Во негов агол е, а тој проба да прочита каде ќе оди топката. И не успеа. Ах Мачка, Мачка...
На стадион гори. Јас искрено немам слушнато такво гласно и интензивно навивање во Шпанија. Цел стадион урла.
Не поминаа ни две минути, чоечето во црно стапува на сцена. Втор жолт за Маскерано. Зошто? Децата викаат - за да прашаш:
Овде немаше ни Ф од фаул, а камоли жолт, а камоли исклучување. Значи ова не го збори Гоки, туку тројца коментатори и аналитичари на Скај. Се изнасмеаја. Ситуацијата се смени за 360 степени. Од 2-4 и сигурна игра, до 3-4 и играч повеќе, сето тоа за пет минути од второ. Од Риазор, ако го гледаш од надвор, оган се блуе.

Што сега? Со десет игравме и на Сантијаго Бернабе и имавме посед на топка. Ајде сега нагази ја, велат инструкциите од клупата. Влегува Чави. Тито бара контрола. Дваесет минути Ла Коруња не се составува со топка. Барса игра со неа, со десет играчи на гости, не кај третолигаш, туку кај Депортиво. Стадионот не престанува да пее и покрај се. Се редат шанси за Каталонците. Педро - брзата птица итрица, еден на еден со голманот, Меси во статива од слободен удар. Се бара петтиот гол. И доаѓа во 77-минута. Меси лудило:
За мене излишни се споредбите со Роналдо. Лео е еден и единствен, најдобар во историјата. Стварно треба да се измислат нови зборови да се опише неговата игра. Значи она, немал светска титула со Аргентина, не ми значи ама баш ништо.
И тука веројатно е крајот на на утакмицава зарем не?
И тоа како НЕ!!!. Колективното јас си го прави своето и си вика: ОПУШТАЊЕЕЕЕЕ!!!! ЈУПИИИИ!!!!
И тоа како НЕ!!!. Колективното јас си го прави своето и си вика: ОПУШТАЊЕЕЕЕЕ!!!! ЈУПИИИИ!!!!
Наредниот напад. Психолозите тешко ќе можат да одгатнат што му се случуваше во главата на Жорди Алба:
За чисто наредните 15 минути да имаат гледачите што да гледаат, да се забавуваат сите. До крај машки се издржа.
За чисто наредните 15 минути да имаат гледачите што да гледаат, да се забавуваат сите. До крај машки се издржа.
Ете тоа е Барса. Шоу за сите.
Трчај Ники остана легенда...ми текнува како денес да беше Депортиво-Реал 3-0 ли заврши знам изгубија Реаловци...Ники пусти...
ReplyDeleteТрччааајјј...
ReplyDelete