Следејќи ја нашава тифо сцена до сега немав забележано дека некој ги навредува Битолчани преку зелената боја, односно поврзаноста со Бугарското знаме. Сите досегашни навреди одеа во стилот сељачишта, сестрите.... незнам што....
Приметувам откако го пишав коментарот на ФБ на официјалната страна на Вардар и Комити, а поврзан со зелената боја и Бугарите, почнаа една плева навреди поврзани со бојата. Сега нејќам да верувам дека јас сум на некој начин иницијатор или некој предводник на истото, но искрено до сега немаше такви будалаштини. Ако е навистина така, ептен ми е криво од проста причина што навредата нема врска со никаква поврзаност на Битолчани со татарите и од друга страна бидејќи ги почитувам Чкембарите како навивачка групација. А можеби и на некој друг ќе му текнеше подбуцнување со истата причина порано или подоцна, кој знае?
Од нивна страна веќе виденото и чуено навредување поврзано со киселите, којшто ги врие во Скопје на секој чекор. Но реалноста е навистина таа.
За БокиТип највпечатлива гачка беше "ШУРА ТИ ЛИ СИ?".....
А бидејќе Чкембарите славеа 27 години од постоењето, еве како им беше возвратено-исто така многу јака гачка....
Среќен роденден-дојдете да ја дувнете свеќата !!!
Се на се на нашава смешна лига, ова дерби е класичен врв и доживување кое не се пропушта по никоја цена.
Вардар-Пелистер 3-1 30.09.2012
Секоја чест за Чкембари, дојдоа во огромен број за наши прилики. Се гледа веднаш дека и они се гладни за фудбал, дерби, провод и адреналин.
За крај една парола, но со помешана реалност. Меѓутоа тоа е МКД, тука се е можно на секое поле, затоа и истото се случи. Ќе се сложам со Вочко дека требаше Вардар да си прележи една сезона во втората МКД лига исто како и Пелистер, а во исто време ќе имавме повторно дерби во континуитет. Меѓутоа повторно ќе пишам тоа е тоа, а сите знаеме дека истото се стори од град Скопје за политички поени, а всушност се наруши едно нормално фудбалско правило.






Ги гледав сликиве вчера и се изнасмеав. Било весело и забавно, добро е што Палистер се врати во прва лига. Плус, гледам дека се паднале и во 1/4 финале во Куп. За зеленава боја ни јас не сум знаел, а фејсот е таква гачка, па може и БокиТип да ја покренал лавината од коментари. Покрај овие две-три гачки, мене интересна ми беше и:
ReplyDelete"Сеуште сум убав, паметен и млад, но не трпам сељаци, зашто роден сум во град". Комедии.
Но број еден гачка по мене беше:
"Вардар не е Ривер Плата, па да испадне туку-така"
Ајјјјј....
Јако и комично...
Сега пак на коментарот со боите ми враќаат дека и Шкендија имала иста боја, па ние сме биле љопи...Ако имам расположение би пошол до Битола следната недела на 14-ти, но некако не ми се оди сам, ама ќе видам до тогаш има време...
ReplyDelete