Баерн очигледно ќе нема поголеми проблеми со останатите екипи годинава. Лесна победа и против Мајнц со 3-1. Но веќе следниот викенд тест за Баварците на гости кај Шалке. Малку ги погледнав сините со Хановер и играа напаѓачки око не им трепнува. Си постигнаа и 2 гола, но и примија 2. Се мислам дека би требало дербито да се типува ГГ, ако веќе се избегнува 2-ката и да се моли човек што побргу да падне првиот гол од било кој. Но има време за размислување до тогаш.
Туку најголемиот противник за Баварците веќе знаеме во изминатите две сезони е Јурген. Човекот ми е крајно симпатичен, се радува како мало дете на љуљашки и дефинитивно го познава фудбалот. Им подели лекција по фудбал на Леверкузен, иако ги фалеше претходно како доста незгодна екипа со врвен квалитет. Не ги забораваме и минатогодишните лекции против Баерн. Е сега тука е прашањето дали може и годинава истото да го повтори???
Дали Баерн сеуште не наишол на поквалитетен противник или е вистина премногу јак ќе дознаеме веќе следниот викенд,а потоа ќе се чека првото вистинско дерби против Јурген. Човекот веќе е господ во Дортмунд, но и годинава немаше среќа во извлекувањето за групи во ЛШ. Ајакс, Сити и Реал се доста тешки противници. Е тука можеби Баерн треба да ја гледа својата шанса годинава, бидејќи како и да е ќе се потрошат доста сили од страна на Јурген, а Баерн е сепак во полесна група со Валенсија, Лил и кој друг ако не Бате. Само да им завидуваме на фудбалските збиднувања и се што ќе си доживеат понатаму на сладокусците од Германија. Тоа е....

Јурген ќе биде вистинскиот противник. Убедливо најпотценетиот тренер на светот, неправедно. Можеби поради имиџот којзнае. Немаше среќа ни оваа година со ждрепката во ЛШ, ама радо ќе го прифати предизвикот против најдобрите да се докаже. Исто како и Величенствениот. Ќе треба да го видиме против врвните.
ReplyDeleteЈака тетоважа, by the way.
ReplyDeleteДа тетоважата е врвна нама збор, затоа и ја постирав сликата. Епа тоа уште утре почнува шоуто ЛШ :)
ReplyDelete