Sunday, September 16, 2012

Остана ли сам?

"Немам тим во моментов", ќе изјави Муци по натпреварот во Севиља. Нова салва јавни критики кои големите звезди нема туку-така да ги прифатат. Касиљас наводно после поразот од Гетафе му рекол дека во иднина нема да прифатат такви јавни критики  и дека Реал освојувал титули и постоел пред, а ќе освојува и после него. Вчера и Рамос не сакаше да го коментира Муци. Како и да е, "нешто е труло во државата Данска", тоа веќе не се трпи. Има да биде интересно да се види како ќе се развиваат работите понатаму, ама ова и се очекуваше на некој начин. Голема екипа не се прави преку ноќ. Мислам дека Муци сега си вика, ајде нека дојде лето и да фаќам штрафта од овде, истовремено пишувајќи му на СМС на својот агент: "Колку рече дека ми нудат овие арапиве од Сити"?


Затоа пак, на островот еден човек е среќен до небо. Арсен(ал) повторно се докажа како еден од најголемите тренери. Човекот, на кој во последните три години му бегаат најдобрите играчи, не потклекна пред предизвикот со млади и релативно непознати играчи да создаде тим кој ќе игра допадливо и ефикасно. Но тоа е и уште еден пример за тоа колку е битно тренерот да ја има целосната поддршка од клубот, што се вика "и во добро и во лошо".

  "ARSENAL - we're proud to say that name again", стоеше огромен транспарент на трибините



Напред генерацијо (што би рекол Боки)


Reading - Tottenham 1:3 

1 comment:

  1. Така е Напред Генерацијо...еве уште следното коло има шанси да влезе во ритам со Квинс Парк. Па нека му е лесно и со среќа.
    За Муци нема што да се пишува, моја прогноза е дека ќе си остане како тренер запомнат по освојувањето на ЛШ со Порто и Интер и толку. Но и тоа не е шала, токму поради тоа ќе си има полн џеб до крајот на животот. Он веќе го достигна врвот и ако сака да остане таму треба да си замине од Мадрид. Оваа сезона му е изгубена, а ЛШ нема никакви шанси да ја освои уште еднаш.
    Арсен си е стандарден, добро е што навивачите се задоволни од неговите какво такви успеси и сеуште го сакаат.

    ReplyDelete