Sunday, September 16, 2012

Честито Каталонци

БокиТип си зема за право со прекрасните девојки да им ја честита новата титула на Каталонците. Во исто време ми е криво бидејќи се изгуби возбудата во Примера Дивизијата. Како е можно еден фудбалер толку да го дестабилизира тимот неможам да сватам. Се мислам дека овие негативни енергии се поради плачкото Роналдо. Дали е он толку моќен незнам, но знам дека голем процент на лошиот старт се должи токму на плачкото.
Позитивното за Барса всушност не е големата бодовна разлика, туку според БокиТип тоа е можноста за дозволени опуштања во пресрет на тешките натпревари во ЛШ и сите брљавки што ја следат. Ете и можност на Барса уште сега смирено и посериозно да си ја заштедува силата, бидејќи знаејќи ја нејзината моќ 8 бода предност (цели два натпревара+ова-она) не само што не се достижни за Реал туку мислам се и далечен сон.
Да го пофалам старото за големото предвидување за Медрано...ми создаде блага насмевка кога видов изгубиле дома и од Аталанта и веднаш се потсетив на старата поглавица и предвидувањето за ципкусот Медрано.

4 comments:

  1. Не би избрзувал за титулата, сепак преку 100 бода се во игра, а сезоната уште не е ни почната. Не ги познаваш кучињата, тие се способни цела пролет да не изгубат ни бод и да прават таков притисок да неможеш ни да се опуштиш. Но ова е солидна предност, дава самодоверба. А за Медрано е пишувано и кажано многу.

    ReplyDelete
  2. Готово е верувај му на БокиТип, можно е да се доближат, не викам не, но Барса токму кога ќе и треба ќе си добие. Всушност за да биде поинтересно добро е потонатиот брод на Муци да почне да испливува инаку се ќе се остане исто до крај. Кучињата се способни на се, точно, но Барса го води орото. Ехехее опааааа.Ајде сега сконцентрирано да се повратат 600-тоте денари. Старото го може тоа, ја знае добитната комбинација, можеби се наоѓа подалеку од Европа кај Црвените чорапи или Џиновите....

    ReplyDelete
  3. Петнаесет минути ме делеа. Интер - 2 за 2.35; Стеауа - 2 за 1.65; Вардар со Дрита за услов и кој ќе те заебе ако не Грк. Арис - АЕК кец за 1.95, водеа домаќините 1-0 до 75-та минута некаде. Заврши 1-1.
    Овој пат немаше црвени чорапи или соколи, мечки и џинови :-))))

    ReplyDelete
  4. Ете ти Циган на патот, спречува добивка...Ајде утре ново ливче за добивка.

    ReplyDelete