Голем клуб, за респект, клуб што држи до своите вредности, каде што се почитуваат играчите и каде што има втемелено филозофија на работење исто колку што има и циркусот Медрано.
![]() |
| Не, грешка. Медрано е сериозна институција. |
![]() |
| Се зависи од тоа дали на Силвио ќе му се крене насабајлечки |


Море какви се такви се,секоја година се при врвот и навивачите си живеат еден успешен фудбалски живот...Каму среќа и Вардар да е таков.Туку може Силвио ја згрешил дозата виагра па сега ќе шета со стапот кренат цел ден...
ReplyDeleteАбе не зезај, ова ти е како Барса да ги продаде Меси и Иниеста, зашто немале пари?! А до вчера викаа дека попрво Силвио би се откажал од вијагра, отколку да ги продадат нив двајца. Па по тоа се разликуваат големите клубови. Звезда имаше генарација и пол па мораше да распродава. Клубови како Порто, Сантош, италијаниве како Лазио и Рома, Валенсија, Севиља, па и ПСЖ до вчера неможеа да задржат играч ако беше добар. Ова што го направи Медрано е типично за мал клуб, оној од Б-класа, УЕФА клуб. Ќе видиме како тоа ќе се одрази нареднава сезона, во која Гоки прогнозира дека Јуве ќе доминира во Италија.
ReplyDelete