Thursday, July 19, 2012

Ждребката одлучи

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Севиља.Гледајќи ги дугите групи изгледа тешки противници добивме....Данска (сеуште боли поразот од Србија,дали ќе им вратиме???), Исланд (редовно не мачкаат, имаат некој заебан тим, е сега може веќе се подмладени па ќе можеме да ги добиеме), Русија (со нив секој тешко излегува на крај), Катар (богатите Арапи сигурно имаат добар тим,башка може да откачат и да им понудат злато колку што се тешки за секоја победа), Чиле (првпат слушам дека имаат ракомет,ама ете имаат,кој ги знае што тим се....).Првите четири репрезентации одат во осминафинале, па сега мислам Чиле би требало да ги добиеме, може и Катар, а останативе што ли ќе се случи Боки незнае.Не дека немаме ракомет и незнаеме да играме, ама можеби поважно е дека сред Скопска ладна зима ќе се гледа ракомет (11-27 јануари 2013).

1 comment:

  1. Абе дај да не се занесуваме, Данска ни била должник! Само Хансен ќе ни даде 15 гола. Во Шпанија нема да биде "фалангата". Наумче вели реално било да бркаме трето место во група, а 7-8 на првенство. Јас викам ќе ги добиеме Катар и Чиле, а за понатаму, ни Гоки незнае. Кире Македонски ќе го спреми тимот како што треба.

    ReplyDelete