"Стицајем околности", едно недела дена немав уплатено ливче. Го посетив Спортлајф, Спортлајф со добри шифри и со висок процент на самодоверба. Она што малку ми матеше вода беше парот Портдаун - Шкендија, но незнаев зошто. Ја имав од 0-2. Знаев дека таму едноставно нема кој да даде гол, ќе биде "удри го другарчето". Ама нешто сепак матеше вода. После ми стана јасно. Два у кец, местенка "пар екселанс". Незнам дали ќе има истрага околу мечов, ама се ќе ви биде јасно после снимкава, посебно голот во 81-ва кој ме бутна:
Вака сега:
Голманот, нема потреба од докази материјални, да се бараат итн. ОДМА суспензија од две години да не припари на терен.
Овие двајцава шпонови што се фаќаат за глава, ко демек, лелееее, да се види во која кладилница во Боговиње или Мала Речица уплатиле пари за два у кец.
Трето - забрана за Шкендија играње во еврокупови осум години.
Криминал
Чув на радио дека почнала истрага околу мечов....Од се срце посакувам да ги фатат...да ја снема Шкендија,како што и се случи и на Победа.Знам секаде се мести,но ЉОПА човек ли е???Дај да си бидеме реални....
ReplyDelete