Friday, April 27, 2012

И по Пеп - Тито!

Во една пригода спомнав дека логичен наследник на Пеп е Тито. "Уморен сум", ќе рече Пеп на последната прес конференција.
Gracies! За 13-те титули, за утврдување на брендот, за бескрајните моменти на брилијантност и чистата фудбалска мисла, незабележана досега.
Емоциите не се криеја. Пеп со Зубизарета и претседателот Сандро Росел.

Зошто Барселона е mes que un club (повеќе од клуб). Барса е начин на мислење, надвор од контекстот на фудбалот кој вообичаено се гледа. Нивната игра е впрочем и како архитектурата во Барселона, единствена, невидена. Овој тим е и ќе остане парадигма и метафора на фудбалот за кој сонував како дете, независно од понатамошните резултати. Гвардиола беше дел и производ на тој епски потфат и како играч и како тренер. Барса во својата младинска школа одгои прави велемајстори и играта ја доведе речиси до совршенство.

"Можев да продолжам, ама тоа не е она што Барса го заслужува". Секогаш знаел што и како да рече.

Иако се шпекулираше дека на негово место ќе дојде тренерот на Билбао, Марсело Биелса, Барса се одлучи за помошникот и десната рака на Гвардиола, Тито Виљанова.
"Тој е повеќе од способен. Ќе направи мал број измени, а играчите го знаат. Тито на нив и на клубот ќе им пружи тоа што јас мислам дека веќе неможам да им го дадам", рече Пеп на емотивната прес конференција, на која беше испратен со аплауз. Назначувањето на Виљанова е само продолжение на клупската политика на Каталонците. Не само играчкиот, туку и тренерскиот кадар да се бара внатре во својата школа. Тоа е за секоја почит, без разлика на резултатите. Како и да е, би сакал да верувам дека сме на прагот на нова ера. Дефинтивно играта на Барса нема да се промени. Ќе се тежнее кон перфекција и понатаму. Најдобро ќе биде играчите со трофеј да го испратат "Големиот". Последната утакмица ќе ја води во финалето на купот против Билбао. Би било идеално и емотивно испраќање.

No comments:

Post a Comment