
Се повтори Сосиедад, се повтори најголемата слабост, се повтори она што Гоки го тртља доооооолго време. Опуштање, опуштање, опуштање...Пеп после Сосиедад рече дека лекцијата е научена, но очигледано ништо не е научено. Треба изгледа стапови да играат во соблекувална, а богами и не е на одмет да се повиши тонот. Но нема место за жалопојки, вака е три години наназад, многу потрагично е што Иниеста е аут еден месец, а Алексис два. Се врати Пуки, а кај и да се враќа и Шачира, па проблемите во одбраната би требало да бидат решени.
No comments:
Post a Comment