Saturday, June 19, 2010

Cap-HELL-o

Безопасни, анемични, непрепознатливи. Такви беа играчите на Англија. Без мотив и концепт, без срце, не можеа да се надеваат на нешто повеќе. Истите играчи кои имаа суперсезони во своите клубови, сега се гушеа на голема надморска висина во Јужна Африка. Дон Фабио се наоѓа во безизлез. Како понатаму? Кога ќе ми текне дека ние игравме на два пати нерешено со нив на гости, дека, освен на домашен терен во 1966 со непостоечки гол, немаат освоено ништо од титули, се прашувам зошто секогаш се фаворизираат? Алжир одигра со срце. Не ќе беше незалужено и да победат. Колку само згрешија англиските медиуми по извлекувањето на групите. Еден од нив имаше и ваков наслов:
England
A
lgeria

Slovenia
Yankees

No comments:

Post a Comment