По првите неколку дена, време е да се направи еден краток осврт на Мундијалот. Нешто дефинитивно се случува. Генерално земено, владее невообичаен неквалитет. Освен Германија, досега сите репрезентации прикажаа страшно лоша игра. Значи, не станува збор за една или две утакмици, збориме за сите досегашни, освен, како што реков, Германија. Мое мислење е дека голем удел има самата топка, како и тактизирањето на екипите. Се заврши од 0-2 гола, чудни центаршутеви, неверојатни промашувања, голмански грешки, неможност да се смири основна топка...Веројатно е период на адаптација. А можеби и играчите се зашеметени од вувузелите.
Премногу тактика,повеќе се мисли да не се изгуби првиот натпревар,отколку да се постигне гол.
ReplyDeleteИнаку генерално, и да не ги гледавме натпреварите кој што се одиграа до сега...нема за што да зажалиме....чиста катастрофа.
Вувузелите мислам допрва ќе рокаат........како не ги мрзи да дуваат....