Шампионот одамна се знаеше. Точниот резултат одамна се знаеше. Таква сигурност ќе беше греота да не се наплати. Колку што се можеше, се уплати. Сугерирав до сите што ги знам, кој послуша, се офајди. Едноставно, Интер е појак во сите линии. Плус сречкото Муци. Доказ дека тој не е некаков тренерски гениј, туку покрај неоспорното тренерско знаење го прати фортуната, е ставањето во игра на Киву, кој требаше да го запре Робен. Не само што не го запре, туку да имаше Баерн барем уште еден класа играч сигурно даваше барем гол. Со 30% посед на топка да ја поминеш Барса и да победиш во финале...незнам што да кажам.
Од останатите пари, требаше да се уплати нешто ситно на точен и на победа чиста. Но, одиграв на најсигурно.
No comments:
Post a Comment