Старото одамна типуваше на точен резултат за овогодинашното финале помеѓу Интер и Баерн,и вистина го погоди....2-0 победа за Муци.Браво, требаше сингл да си го изиграш и оп,некоја паричка ќе имаше.
Инаку што да се пише,ако не се пише повторно за антиталентот за фудбал,всушност тој и не знае да игра фудбал.Тоа е факт и од тоа нема бегање.Нејќам ниту да го спомнувам,но ќе мора да се пише.Се работи за МИЛЕР.Човекот едноставно незнае,нема квалитети,тој е без осет и прегледност на играта....тоа е тешка работа за него.Боки предвидуваше дека ако МИЛЕР не играше се ќе беше поинаку.Така и се случи,но за жал повторно со точното предвидување од моја страна.Ако МУЛЕТО постигнеше гол на почетокот на второто полувреме се ќе се завртеше во полза на Баварците.Тоа ќе беше дополнителен мотив и јуриш кон голот на мачката и на секогаш збунетиот Лусио.
Но,тоа е нека му ја мислат Баварците....всушност не треба многу мислење МУЛЕТО И ВАН БАЈТЕН треба да си заминат од клубот и да се доведат поквалитетни играчи.
Честитки за Интер и Муци.
Не ми е јасно како Муци ќе биде тренер на Реал кога тимот не го негува неговиот стил на игра.За одбрана во Мадрид дали и воопшто се размислува.Како ли Муци ќе се снајде меѓу тие нарцисоидни играчи,секако не сите.Реал едноставно ќе биде угушена екипа,ако Муци игра со таа тактика во ЛА Лига.....ЛА Лига е најквалитетната лига,според мене и знаат да играат напаѓачки фудбал,и да се спротивстават на одбрамбената тактика на Муци.Но ќе видиме,затоа и ќе биде интересна следната сезона.Муци се покажа како џентмен и не правеше големи циркузи на Бернабеу,но како ли ќе се појави следната сезона на Камп Ноу јас незнам.Ако за полуфиналето го маваа со камења,сега може некој дома си подготвува лак и стрели.......
Како и да е ќе треба старото да ја замени позадината на ВАСИЗОР со боите и амблемот на Интер.Сепак заслужија....Посебен феномен се навивачите...од кога цела Македонија станаа симпатизери на Интер???????Знам Гоче игра таму,но........
Муци наредната година доаѓа на Бернабеу. Од пуста омраза кон Барса. Ќе го јаде. Борче, не го куди мулето. Не е тој крив. Едноставно беа послаби. Величај го Ван Гал што направи тим и што со стопери како Демикелис и Ван Бајтен стигна до финале.
ReplyDelete