Не очекував искрено дека Самдорија може да им ги расипе сметките на Римјаните.Рома играше фудбал,другите даваа голови.Ете на кратко тоа може да се каже за вечерашниот натпревар.Какви ли шанси промашуваа римјаните,големи како солзите што им доаѓаа на крајот на натпреварот.
Може повторно да се констатира дека Муци има среќа,па и ја заслужува ако мене ме прашате.Веќе е готово, веќе се се знае во Калчото.Пандев и Муци се новите шампиони на Италија.
Боки никогаш нема фатено натпревар од вечерниот термин во Италијанската лига,тој податок јас добро си го знам,меѓутоа повторно и повторно и повторно.......овиј термин го споредувам со лигата на шампиони каде немам воопшто ниту една добивка.Верував во Раниери и вечерашниот и последен термин од ова коло,но кога подлабоко ќе размислам неможе да се освојува пехари со отпадоци од играчи како Пизаро и Лука Тони,кој од величенствениот беа продадени,а и вистина некорисни за Баерн.
Сепак треба да се биде искрен и да се констатира дека Интер и Муци го заслужуваат пехарот годинава,и искрено посакувам Интер да ја совлада волчицата во финалето од купот и да освои двојна круна.
Тоа е,Италијанското првенство заврши вечерва.
Рома-Самдорија 1-2
ReplyDeleteМрак во Рим.
Јас ти се чудев откаде кај тебе такво уверување дека Рома ќе добие се до крај? Прво, ја гледав утакмицата од крајот на прво и делумно цело второ. Она што го дрндам за Раниери години наназад уште еднаш ми се потврди. Тоа е "Цапар" тип на тренер. Па второ полувреме го почна со одбрамбена формација! Сите играчи на Рома беа на своја половина, оставајќи ја иницијативата на Сампдорија. Во тој момент си реков - ете го типичниот Раниери. Второ, Сампдорија е неверојатно добра екипа. Мислам дека во Италија малку над другите е Интер, а потоа следуваат Рома и Сампдорија, па таму пооооосле нив е Милан. Кој досега не го запознал Џиџи дел Нери, сега има можност да го запознае. Неверојатен тренер, творецот на "летечките магариња", негува исклучително офанзивен фудбал, одличен познавач на Калчото. Интер е доминантен во Италија, а Муци првпат размислува за повторување на ланскиот успех на Барса - шесте трофеи во една сезона. Ако ја освои ЛШ, Купот и Првенството - со леснотија ќе ги освојат и другите три.
ReplyDelete