Невидена, ретка и вистинска драма се одиграла на финалниот меч меѓу Партизан и Цибона во Јадранската лига. Откако во регуларниот дел натпреварот завршил 60-60, последната минута од продолженијата предизвикала вистински шок за 16-те илјади гледачи во загребската Арена. Со тројка во последната секунда, Цибона обезбедила предност од два поена, но часовникот застанал на 0,6 секунди. Секој познавач на кошарката знае дека посебно на домашен терен, се пуштаат и тие да истечат и никој нема ништо да приговори. Веќе помирени со поразот, Партизан изведува од под кош и баскетот доаѓа до Кецман кој ја исфрла топката од пола терен, онака ноншалантно. Баскетот влегува и за момент, сите се збунка, освен играчите на Партизан кои слават во неверување. Натпреварот предизвика огромни реакции, Цибона вложи официјална жалба поради тоа што во моментот на шутот, на терен се наоѓале и други лица што е забрането според правилата. Не се знае зошто словенските судии, како и делегатот не го виделе ова бидејќи жалбата е одбиена иако имало повреда на правилата. Цибона најави дека ќе излезе и со друга снимка од последниот шут на кој се гледа дека Кецман всушност шутира со задоцнување, односно дека не е можно за толку кратко време да се фати топката, да се спушти до колена и да се шутне. Колку беше важна оваа уткамица говори и тоа дека Томас од Цибона изјави дека веќе нема мотив за ништо и нејќе баскет со очи да види. Ова со Јадранската лига во кошарка е уште еден доказ за тоа колку е потребен ваков проект и во фудбалот. Апсолутно сум на мислење дека тоа е единствен начин за заживување на фудбалот на овие простори и враќање на старото ривалство и полни стадиони. Во продолжение линкот со коментар како тоа го доживеаа српските и хрватските коментатори.Wednesday, April 28, 2010
Цибона - Партизан (драма)
Невидена, ретка и вистинска драма се одиграла на финалниот меч меѓу Партизан и Цибона во Јадранската лига. Откако во регуларниот дел натпреварот завршил 60-60, последната минута од продолженијата предизвикала вистински шок за 16-те илјади гледачи во загребската Арена. Со тројка во последната секунда, Цибона обезбедила предност од два поена, но часовникот застанал на 0,6 секунди. Секој познавач на кошарката знае дека посебно на домашен терен, се пуштаат и тие да истечат и никој нема ништо да приговори. Веќе помирени со поразот, Партизан изведува од под кош и баскетот доаѓа до Кецман кој ја исфрла топката од пола терен, онака ноншалантно. Баскетот влегува и за момент, сите се збунка, освен играчите на Партизан кои слават во неверување. Натпреварот предизвика огромни реакции, Цибона вложи официјална жалба поради тоа што во моментот на шутот, на терен се наоѓале и други лица што е забрането според правилата. Не се знае зошто словенските судии, како и делегатот не го виделе ова бидејќи жалбата е одбиена иако имало повреда на правилата. Цибона најави дека ќе излезе и со друга снимка од последниот шут на кој се гледа дека Кецман всушност шутира со задоцнување, односно дека не е можно за толку кратко време да се фати топката, да се спушти до колена и да се шутне. Колку беше важна оваа уткамица говори и тоа дека Томас од Цибона изјави дека веќе нема мотив за ништо и нејќе баскет со очи да види. Ова со Јадранската лига во кошарка е уште еден доказ за тоа колку е потребен ваков проект и во фудбалот. Апсолутно сум на мислење дека тоа е единствен начин за заживување на фудбалот на овие простори и враќање на старото ривалство и полни стадиони. Во продолжение линкот со коментар како тоа го доживеаа српските и хрватските коментатори.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
По сите правила кошот е нерегуларен,поради присуството на цивили на теренот,но тоа е таа магија помеѓу Хрватите и Србите,што ќе трае додека постои светот.
ReplyDeleteЗа 0,6 стотинки не е можно да се прифати топката,бидејќи додека таа оди кон играчот стотинките веќе се потрошени....Но тоа е.
Како и да е, во ваква налудничава атмосфера подобро е да си Србин.
Секако потребно е повторно да се оформи бившата ЈУ лига во фудбал,и таму ќе има невидени драми.....