Ах таа Африка! Во пресрет на Африканскиот куп на нации, само што поминале границата со Ангола - земјата домаќин, автобусот на Того е нападнат со тешки рафали и пукотници. Возачот на автобусот загинал, додека четворица се ранети од кои за двајца е потврдено дека се играчи. Најголемата звезда во тимот Емануел Адебајор не е ранет, но според неговата изјава дадена за клупскиот сајт, бил во голем шок. Тој признава дека многу од неговите соиграчи од репрезентацијата сакаат да го напуштат Африканскиот Куп и дека ќе биде одржан тимски состанок на кој составот ќе дискутира дали тие ќе останат во Ангола или ќе се вратат во своите клубови. На кого ли од нив му е до фудбал по вакво нешто? Потполна поддршка од мене за напуштање на турнирот без размислување. Заседаваше и Конфедерацијата на Африкански Фудбал која реши дека турнирот нема да биде одложен и тој ќе се одигра во планираното време. Нападот го извршиле сепаратистите од провинцијата Кабинда, која е богата со нафта и кои долги години бараат отцепување на областа од Ангола. Седум мечеви од турнирот се закажани во најголемиот град од оваа област.UPDATE: Билансот на жртви се зголеми на три, откако во меѓувреме покрај возачот на автобусот, починале и помошникот тренер и портпарол на екипата. Резервниот голман е потешко ранет. Иако Тоговци решиле да останат и да играат во чест на загинатите, по директива од политичкиот врв на земјата тие нема да земат учество во Африканскиот куп на нации.
No comments:
Post a Comment