Saturday, May 30, 2009

We are one

Сцени од "Гладијатор", заедно со најдобрите моменти од сезонава, ја инспирираше Барса до победа во Рим...
Како што се открива, брилијантниот Пеп замолил некој свој пријател да направи монтажа за да го употреби филмчето како инспиративна алатка и да ги запали играчите пред да почне мечот. За време на загревањето тие биле повикани назад во соблекувалните, оставајќи ги "Црвените ѓаволи" да се загреваат сами. Никој не знаел што се случува, освен Пеп. Во соблекувалната тој им го пуштил седумминутниот клип, кој содржел најдобрите голови и акции од Барса сезонава, вклучувајќи ги и головите против Реал Мадрид, како и сцената од "Гладијатор" - "она што го правиме сега, одекнува во вечноста". Така попалени и единствени, Каталонците излегоа на терен и ја освоија европската титула.

No comments:

Post a Comment